Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Српски избори: Апсолутен победник Александар Вучиќ со СНС

0
By Нова ТВ on March 16, 2014 СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email


Српскaтa централно-десничарскa СНС на актуелниот прв потпретседател на Владата, Александар Вучиќ, партијата на поранешните ултра-националисти конвертирани заради каузата за членство во Европската унија, го доби апсолутно мнозинство во Парламентот во недела, со ветување на длабока економска реформа.

Маргината на победата, слична е на резултатите од крајот на Слободан Милошевиќ за време на воените години на 1990-тите, ја понесе лидерот на Српската народна странка (СНС), Александар Вучиќ, кој ќе стане премиер на Србија и кој ќе ја води на разговори за влез во ЕУ.

Според набљудувачкиот центар Цесид, СНС освои 48,8 отсто од гласачките ливчиња, кои според изборниот систем во Србија значат околу 157 места во парламентот од 250 места. Самата партија изјави дека освоила 49,3 проценти, но и двата резултати значат апсолутна власт.

Втората најсилна партија е СПС, Ивица Дачиќ, со 15 отсто од гласовите. Либералите на Чедо Јовановиќ имаат 3,1%,, Нова демократска партија на Борис Тадиќ се очекува да го надмине прагот како и ДСС на Воислав Коштуница, кој засега има 4,1 %.

“Никој немал ваков ден”, им изјави Вучиќ на поддржувачите во Белград. “Мојата цел не е да се биде богат, мојата цел е луѓето од Србија да живеат подобро”, рече тој.

Вучиќ вети коренити реформи на Србија на предимензионираниот јавен сектор, пензискиот систем и трудовото право со цел земјата да го бара своето место како економски лидер на Западен Балкан.

Партијата се очекува да се движи брзо за да обезбеди нов договор за заем со Меѓународниот монетарен фонд.

Вучиќ, 44, беше министер за информации во доцните 1990-ти кога весниците беа казнети и затворени под закон со цел да ги замолчи критичарите и дисидентите кога Милошевиќ ја водеше Србија во војната со НАТО.

Тој вели дека правел грешки, и научил од нив.

“Јас не се срамам да ги променам моите лоши навики и карактеристики. Напротив, јас сум горд да го сторам тоа”.

Веднаш по именувањето за прв заменик-премиер задолжен за одбраната, безбедноста, борбата против организираниот криминал и корупцијата, објави дека во борбата против корупцијата нема да има заштитени и дека идната влада ќе има “нула толеранција” кон корупцијата и криминалот.

Тој, исто така, вети дека ќе ги испита контроверзните приватизации и врски меѓу тајкуните и поранешни членови на владата, заради што доби огромен процент на одобрувањe на анкетите- 71%, во март 2013.

Вучиќ е во брак со неговата долгогодишна девојка, Ксенија Вучиќ (родена Јанковиќ), новинар во Радио Индекс и Српска реч , од 27 јули 1997 година. Тие имаат син, Данило (1998 -), и една ќерка, Милица (2002 -).

Во едно интервју за Време во 2008 година тој вели:. “Ја сакам мојата сопруга многу и не би ја променил за ништо во овој свет. Таа е многу умерена. Таа никогаш не ме прашува каде ќе одам, ниту кога ќе се вратам. И таа никогаш не оди никаде без нејзините деца и нејзиниот сопруг. Таа оди со другарките во кафуле само кога ќе смета дека е соодветен ден да го стори тоа. “

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025
ФОКУС

Скопје: Без збор – со мисла / 12:05 Ангелите со скопјани / протестен марш / 15 ноември 2025

ВЕСТИ November 15, 2025

Скопје: Без збор – со мисла /сабота, 15 ноември 2025

„Дојдете и бидете со нас“ повикаа родителите на настраданите во кочанската трагедија – Марш за Ангелите денеска во Скопје / Плоштад Македонија 12:05

November 15, 2025

Маршот на Ангелите утре во Скопје во 12:05 – родителите ги повикаа скопјани да им се придружат

November 14, 2025

Судиите до Мицкоски: Господине Премиер, ја поминавте границата на пристојност

November 14, 2025
ТИКЕР

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.