Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Српските власти вршат истрага за перење пари на новинари, невладини организации и здруженија

0
By Нова ТВ on July 28, 2020 СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Управата за спречување на перење пари при Министерството за финансии на српската Влада направи список со 20 медиумски работници и 37 невладини организации и граѓански здруженија, со кој бара од банките да извршат увид во сите нивни трансакции во претходната година. Во барањето се наведува дека се бараат податоци со цел да се утврди дали организациите и поединците на списокот имаат било каква врска со финансирање на тероризам или перење пари.

Како што јави дописникот на МИА од Белград, на списокот се наоѓаат двете новински здруженија НУНС и УНС, ЦРТА, БИРН, КРИК, Европското движење на Србија, Хелсиншкиот одбор за човекови права, БИРОДИ, Центарот за евроатлански студии, Белградскиот центар за безбедносна политика и други водечки српски невладини организации, како и политичари меѓу кои е Вук Јеремиќ, новинарот Слободан Георгиев.

-Агенцијата за спречување перење пари има ист донатор како БИРН, а тоа е Европската комисија. Затоа прашувам јавно -Дали оваа управа сама ќе се истражува? Ова е грозно, изјави директорот на „Newsmax“ Адрија Слободан Георгиев, оценувајќи дека со списокот се криминализираат луѓето.

Бојана Селаковиќ од Граѓанскта иницијатива и Раша Недељков од Црта по повод списокот на Управата за спречување перење пари изјавија дека, неколку организации од тој список ќе преземат правни активности што им се достапни според српскиот закон и дека е важно за овој случај да се информираат релевантни актери и меѓународната заедница.

Реагираше и шефицата на делегацијата на Европскиот парламент за Србија, Тања Фајон, која предупреди дека секоја неоправдана истрага за нивната работа треба да се смета за притисок.

-Повеќето невладини организации, медиуми и поединци, кои се под истрага на српската влада за перење пари, се меѓу главните застапници на про-ЕУ реформите и подржувачи на вредностите на Европската унија во Србија, напиша Фајон на својот Твитер профил.

Според Зоран Гавриловиќ од Бирото за социјални истражувања (БИРОДИ) акцијата на Управата за спречување перење пари има две значења, од кои првото е „да се етикетира делот од општеството што е препознаат од властите како критички и кој има капацитет да влијае на социјалните процеси во Србија.“

-Овој притисок е уште една потврда за оправданоста на барањата на Обединетата опозиција на Србија испратени до Европската комисија за формирање експертски групи за состојбата на демократијата, владеењето на правото и медиумите во Србија“, оценија од опозициската Партија на слободата и правда (ССП) на Драган Ѓилас..

И од Демократската странка (ДС) оценија дека се работи за обид да се дискредитираат оние кои не зависат од милоста на Владата и чии активности сеуште не се ставени под контрола.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Албанија ги забрани електричните тротинети – засега времено

October 12, 2025

Четири лица загинаа, а најмалку 20 се ранети во масовно пукање во бар во Јужна Каролина

October 12, 2025

Локални избори во Косово

October 12, 2025

Норвешкиот Нобелов институт ќе испитува дали имало протекување на информации во врска со името на овогодишниот добитник на Нобеловата награда за мир

October 11, 2025

Макрон повторно го назначи Лекорну за премиер на Франција

October 11, 2025
ФОКУС

Блокади за „Пулс“ во Кочани- ќе траат по еден час секој ден

ВЕСТИ October 12, 2025

Блокади во Кочани. По, синоќешниот редовен протест во рамки на „Марш за ангелите“, денеска најава…

Најмалку 20 лидери ќе присуствуваат на мировниот самит за Газа во Египет

October 12, 2025

Тел Авив: Аплауз за Трамп, свирежи за Нетанјаху

October 12, 2025

18 килограми злато или 1.8 милиони евра е пленот на вооружените разбојници од златарницата во Гостивар

October 11, 2025
ТИКЕР

Албанија ги забрани електричните тротинети – засега времено

October 12, 2025

Четири лица загинаа, а најмалку 20 се ранети во масовно пукање во бар во Јужна Каролина

October 12, 2025

Локални избори во Косово

October 12, 2025

Норвешкиот Нобелов институт ќе испитува дали имало протекување на информации во врска со името на овогодишниот добитник на Нобеловата награда за мир

October 11, 2025

Макрон повторно го назначи Лекорну за премиер на Франција

October 11, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.