Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

ССМ до пратениците: Приоритет се платите на работниците, а не закони за укинување апанажи, избори..

0
By НОВА ТВ Balaban on January 25, 2022 ЕКОНОМИЈА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ) ги повика пратениците  да ја изгласаат нивната иницијатива за законското решение за пораст на минималната плата со износ од 60 проценти од просечната плата или 18.000 денари. Преку соопштение денеска од ССМ им порачаа на пратениците од сите политички партии дека приоритет  треба да бидат платите на работниците, а не други закони за укинување на апанажи, избори…

Според ССМ, доколку пратениците веднаш да поднесат и изгласаат измени во Законот за минималната плата  ќе докажат дека навистина се грижат за работникот и неговата егзистенција во услови на ковид, економска и енергетска криза.

– Бараме политичките партии да не се препукуваат со поднесување предлог закони кои не се од егзистенцијална важност за работниците во време на економска, енергетска и ковид криза и наместо да го трошат времето и да одржуваат седници за лични нивни бенифити, да ја изгласаат иницијативата на ССМ за законското решение за пораст на минималната плата која бараме да биде 60 проценти од просечната плата или 18.000 денари, како и усогласување – зголемување на останатите плати согласно со  Законот за минимална плата кој е поднесен до Собранието и поделен од страна на претседателот на Собранието Талат Џафери до сите пратеници, велат од ССМ.

Потсетуваат дека кој било пратеник или пратеничка група согласно Деловникот можат веднаш без одложување да го поддржат и предложат предлогот на ССМ, поради тоа што, посочуваат, сите се декларираат како политички партии дека се за работниците и се грижат за нив.

– Па затоа ги повикуваме сите политички партии: СДСМ со коалицијата, ВМРО со коалицијата, ДУИ, Алтернатива, Алијанса, БЕСА, Левица, ЛДП, ДОМ, Демократски сојуз веднаш да ги поднесат и изгласаат законските измени во Законот за минималната плата и со тоа да докажат дека навистина се грижат за работникот и неговата егзистенција во оваа ковид, економска и енергетска криза!, порачуваат од ССМ.

За работниците, укажуваат, е нејасно зошто пратениците кои земаат плата за четири до пет пати поголема од минималната плата, веднаш не седнат во пратеничките клупи и го поддржат и предложат Законот и да ја зголемат минималната плата на 18.000 денари кога имаат нивни роднини и пријатели кои работат за минимална плата, па колку повеќе го одолговлекуваат донесувањето на Законот  ќе бидат приморани на ист начин да се однесуваат работниците кон нив за време на избори и за исто толку да го одолговлекуваат гласањето на идните парламентарни избори.

Пратениците ССМ
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.