Published: Wednesday, January 28, 2026 17:56
Секој ден ќе бидеме пред Влада додека не ја постигнеме целта, а тоа е зголемување на минималната плата на 600 евра и зголемување на сите плати за 6.000 денари, порача денес од пред Владата Иван Пешевски од ССМ.
Сакаме да ја вреднуваат нашата работа и труд, сакаме достоинствена плата, а не милостина. Велат не сме биле продуктивни, они се продуктивни со Поршиња на Халкидики. Ќе блокираме институции и ќе донесеме одлука за генерален штрајк првпат во историја на Македонија во приватен сектор, па нека работат они на сќеле, нека сечат шуми, нека видат како му е 30 години на овој работник, рече Пешевски.
Додека се прашуваме како ќе ги прехраниме семејствата, тие уживаат во луксуз, нагласи Пешевски на протестот на ССМ.




