Совладувајќи го Шпанецот Рафаел Надал, Станислав Вавринка е победник на Гренд-слемот „Australia Open“.
Швајцарецот го победи Надал со 6:3, 6:2, 3:6, 6:3.
На Вавринка ова му е прв триумф против Рафа во кариерата по 12 порази.
Швајцарецот од понеделник ќе биде трет тенисер на светот, а интересно е дека Станислав е првиот играч по 20 години кој на Гренд Слем ги победил и првиот и вториот носител. Во четвртфиналето, беше подобар од Новак Ѓоковиќ.
Финалето го одбележа и кавгата меѓу Вавринка и судијата Карлос Рамос, бидејќи Надал во текот на вториот сет го напушти теренот, но не кажал поради што побара медицински тајм аут.
Рафа и покрај проблемите со грбот го продолжи мечот, успеа да го намали резултатот на 2:1 во сетови, но тоа не му помогна и после четири години да дојде до втората титула во Мелбурн.