Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Стано: Институциите на ЕУ почнуваат со Белград и Приштина за спроведување на договорот од Охрид

0
By Ана Василевска on March 28, 2023 ВЕСТИ, РЕГИОН
Петер Стано
Петер Стано
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Институциите на Европската унија, со поддршка на лидерите на ЕУ, во наредните денови ќе ги направат првите чекори кон имплементација на Охридскиот договор заедно со Косово и Србија, изјави за агенцијата БЕТА портпаролот во Европската комисија Петер Стано.

Портпаролот на високиот претставник на ЕУ, Жозеп Борел, изјави дека Белград и Приштина се договорно обврзани да го спроведат Охридскиот договор и Анексот и јасно стави до знаење дека доколку не го сторат тоа, тогаш го напуштаат патот кон Европската унија.

Стано потсети дека Борел изјавил дека ќе ги „советува двете страни во извршувањето на нивната работа“ во спроведувањето на Договорот за патот кон нормализација на односите меѓу Косово и Србија, вклучувајќи го и анексот за имплементација.

Портпаролот на ЕК подвлече дека „сега се во игра меѓународниот углед и доверба во Косово и Србија, затоа тие треба да се покажат како доверливи партнери за ЕУ и затоа е неопходно да се спроведе она што го ветија“.

Тој посочи дека одредбите од договорот и анексот ќе бидат вградени во поглавјето 35 од преговорите меѓу ЕУ и Србија за членство и во програмата на Специјалната група на ЕУ за нормализација со Косово.

„Тоа значи дека двете страни ќе бидат договорно обврзани да ги спроведат тие одредби доколку сакаат да напредуваат кон ЕУ, а неспроведувањето значи напуштање на патот кон Европската унија“, нагласи тој.

Стано рече и дека Борел ги информирал лидерите на ЕУ за разговорите во Охрид минатата недела и рекол дека Косово и Србија сега треба да го спроведат во пракса она за што постигнале договор.

Договор Косово Србија Европска комисија Петер Стано
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025
ФОКУС

Скопје: Без збор – со мисла / 12:05 Ангелите со скопјани / протестен марш / 15 ноември 2025

ВЕСТИ November 15, 2025

Скопје: Без збор – со мисла /сабота, 15 ноември 2025

„Дојдете и бидете со нас“ повикаа родителите на настраданите во кочанската трагедија – Марш за Ангелите денеска во Скопје / Плоштад Македонија 12:05

November 15, 2025

Маршот на Ангелите утре во Скопје во 12:05 – родителите ги повикаа скопјани да им се придружат

November 14, 2025

Судиите до Мицкоски: Господине Премиер, ја поминавте границата на пристојност

November 14, 2025
ТИКЕР

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.