Комесарот Филе ќе патува за Македонија утре. Тој ќе оди во Скопје на заедничка мисија со членови на Европскиот парламент, за да се сретне со двете засегнати страни, и да се најдат начини како да се надмине сегашната политичка криза, изјави денеска Петар Стано, портпаролот на еврокомесарот за проширување Шетфан Филе.
„Како што знаете, решението на политичката криза ќе помогне да се создадат услови за извештајот кој Комисијата го подготвува за на пролет, со што ќе се создадат услови за овој извештај да биде позитивен“, вели Стано.
Според него членовите на Парламентот кои ќе се придружат на комесарот Филе ќе бидат, специјалниот известувач Ричард Ховит, како и поранешниот претседател на Европскиот Парламент и сегашен член на Комитет за наворешни работи, Јержи Бузек.