Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Стартот на учебната година нема да се одложи, се повеќе заболени од жолтица

0
By Менче Атанасова Точи on August 25, 2014 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email


Заразната жолтица нема да го одложи почетокот на новата учебна година. Министерот за образование и наука Абдулаќим Адеми потврди дека нема да има пролонгирање на почетокот на учебната година поради епидемијата од жолтица.

„Засега нема одлука за пролонгирање на учебната година и сметам дека нема да има. Но, доколку се донесе ваква одлука за тоа јавноста ќе биде навремено информирана. Министерството за образование е во контакт со Министерството за здравство и со Институтот за јавно здравје и на последната седница е донесена препорака до сите училишта да преземат дополнителни активности за хигиената со цел да не се зарази некој од учениците, изјави минстерот Адеми.

Бројот на заболените од жолтица постојано се зголемува. На Клиниката за инфективни болести се хоспитализирани 16 пациенти, за време на викендот хоспитализирани се шест нови болни, со што бројот на заболени од 66 се зголеми на 72 случаи. Денеска на клиниката е донесен уште еден сомнителен случај, пациент на возраст од 20 години кај кого болеста се уште не е потврдена.

На клиниката велат дека во последните два месеца драстично е зголемен бројот на пациенти заболени со жолтица.

„ Ние имаме постојано пациенти заболени од ова заразно заболување, но во последните два месеца е зголемен бројот на овие пациенти,“ изјави доктор Снежана Стојковска заменик директор на Инфективната клиника.

Надлежните минатата недела во Штип и Скопје прогласија епидемија на заразна жолтица. Во Центарот за јавно здравје не беа достапни да објаснат зошто дури сега е прогласена епидемија. Зошто е изгубено драгоцено време, без да се предупредат граѓаните и да се дадат препораки како да се заштитат од заразната болест.

Поголемиот дел од заболените немаат основни хигиенски услови и живеат во супстандардни услови, но има и граѓани кои живеат во урбаните населба во солидни услови за живот. Иако не е лоциран извор на зараза надлежните за главен виновник ја посочуваат не хигиената, заради што препорачуваат редовно миење на рацете, како и на овошјето и зеленчукот.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Политико: ЕУ ги заострува визите за Русите

November 6, 2025

САД ја тестираа балистичката ракета „Minuteman III“ од воздухопловната база Ванденберг во Калифорнија до Маршалските острови

November 5, 2025

Анџелина Џоли во ненадејна посета на Херсон

November 5, 2025

Десет повредени, четворица во критична состојба – возач намерно удри во луѓе во Франција

November 5, 2025

Муштериите разочарани од часовниците што ги продава Трамп, се жалат на слаб квалитет и доцнење на испораките

November 5, 2025
ФОКУС

Орце Ѓорѓиевски: Скопје го менуваме од корен новиот градоначалник ја презеде должноста

ВЕСТИ November 6, 2025

Новиот градоначалник на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, денеска го прими уверението и најави дека од вечерва…

„Сите за Палестина“ до Сиљановска: Осудетего геноцидот во Газа и признајте ја Палестина

November 6, 2025

Рокас до Сиљановска: Сегашниот момент е најдобар за храбри и одлучни чекори во реформите

November 5, 2025

ЕК: Северна Македонија треба да ги финализира обрските за отворање на Кластерот „Основи вредности“

November 5, 2025
ТИКЕР

Политико: ЕУ ги заострува визите за Русите

November 6, 2025

САД ја тестираа балистичката ракета „Minuteman III“ од воздухопловната база Ванденберг во Калифорнија до Маршалските острови

November 5, 2025

Анџелина Џоли во ненадејна посета на Херсон

November 5, 2025

Десет повредени, четворица во критична состојба – возач намерно удри во луѓе во Франција

November 5, 2025

Муштериите разочарани од часовниците што ги продава Трамп, се жалат на слаб квалитет и доцнење на испораките

November 5, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.