Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Статистиките покажаа: Носењето појас ја намалува смртноста до 50 отсто

0
By Нова ТВ on April 10, 2021 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Секоја година во сообраќајни несреќи животот го губат голем број лица. Според стратистиките  само во 2020 година во сообраќајни несреќи животот го загубиле 125 лица, а со повреди се здобиле 5.500. Во првите два месеца од 2021 година, намален е бројот на жртви и повредени во сообраќајни несреќи. Тоа е значително помал број на настрадани и повредени во споредба со минатите години,  што укажува на подобрување на безбедноста во сообраќајот. Имајќи го предвид бројот на жители во Македонија, бројот на загинати не би требало да биде поголем од 100 луѓе, според просекот на ЕУ, велат од РСБСП.

Од таму за „НОВАТВ“ додаваат дека употребата на заштитен појас го намалува ризикот од  околу 50 проценти од опасноста за фатални последици при сообраќајна несреќе. Додаваат дека поновите коли се поврзани со систем со воздушни перничиња кои доколку не ставите појас при удар нема да се активираат..

Носењето појас е задолжително и за возчот и за совозачот и за лицата кои се превезуваат на задните сдишта. Во возилата каде фабрички се ставени појаси  и на задната клупа задолжително е нивно користење. За неносење на заштитен појас казната е во висина од 40 евра за возачот, а 50 евра за совозачот.

Во ЕУ носењето на појас го практикуваат околу 90 проценти од возачите. Кај нас тој процент е околу 40 отсто. Што се однесува до сопатниците во ЕУ 70 проценти од оние кои се превезуваат на предното седиште користат појас. Кај нас ностењето појас на задните седишта речиси и да не се практикува, велат од РСБСП.

Поради ваквите статистики РСБСП и МВР почнаа интензивно да ја спроведуваат едукативно-превентивната кампања „Стави појас!” чија цел е подигање на свеста за поголема употреба на сигурносните појаси од страна на возачите и патниците.

Надлежните велат возачите треба да знаат дека користењето сигурносниот појас е наменето, пред сѐ, за нивна лична безбедност и заштита.

Кампањата ја поддржаа и голем број јавни личности кои упатиа порака до сите возачи – појасот спасува живот.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Трамп испраќа војници во Портланд за да го заштити од Антифа

September 27, 2025

Флорида дозволи носење оружје на јавно место: маж го тестираше пред „Волмарт“

September 27, 2025

Парламентот на Словачка усвои уставен амандман со кој се признава постоењето само на два пола

September 26, 2025

Сè повеќе ученици во ЕУ учат два или повеќе странски јазици

September 26, 2025

Протести во Софија против „вкоренетото влијание на мафијата во бугарската политика“

September 26, 2025
ФОКУС

Родителите на починатите во „Пулс“: Или одговори или радикализација

ВЕСТИ September 27, 2025

Родителите на починатите во мартовскиот пожар во дискотеката „Пулс“ во Кочани денеска по 24 –…

The Times of Israel:  Планот на Трамп за Газа – Израел ќе ја повлече војската и Палестинците нема да бидат раселени

September 27, 2025

СБ: Македонија, Косово и Молдавија со најголем пад на населението

September 26, 2025

Од утре, 26-ти септември 2025 казни за мобилен на пешачки

September 25, 2025
CIVICA
ТИКЕР

Трамп испраќа војници во Портланд за да го заштити од Антифа

September 27, 2025

Флорида дозволи носење оружје на јавно место: маж го тестираше пред „Волмарт“

September 27, 2025

Парламентот на Словачка усвои уставен амандман со кој се признава постоењето само на два пола

September 26, 2025

Сè повеќе ученици во ЕУ учат два или повеќе странски јазици

September 26, 2025

Протести во Софија против „вкоренетото влијание на мафијата во бугарската политика“

September 26, 2025
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.