Советникот на ВМРО-ДПМНЕ во Град Скопје Стефан Андоновски денес беше фотографиран како со поранешниот пратеник Илија Димовски и останати луѓе од ПР тимот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ се договараат да ги зезнат 1300 вработени во ЈСП, да не земат плата и да ги остават скопјани да мрзнат по улиците без јавен превоз.
На овој начин, личниот хир хир на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски со градоначалничката на Град Скопје, која беше поддржана токму од неговата партија, Данела Арсовска, продолжува со создавање хаос и „зезнување“ на 1300 вработени во ЈСП.
Град Скопје денес остана без јавен градски превоз, откако советниците на ВМРО-ДПМНЕ во Советот блокираа изгласување на субвенции за ЈСП, со цел да се исплатат платите на вработените.
Ваквиот однос на опозициската ВМРО-ДПМНЕ покажува дека свесно креираат хаос во државата и Град Скопје изминатите години, обидувајќи се на тој начин да освојат политички поен плус од гневнот на граѓаните.