Американскиот Стејт Департмент го поздрави завршувањето на првиот круг на локалните избори во Македонија без насилни инциденти.
Во соопштението се вели: “Го поздравуваме завршувањето на првиот круг на локалните избори во Македонија без насилство. Со внимание ќе го разгледаме конечниот извештај на ОДИХР, како и конечното официјално објавување на изборните резултати. Очекуваме објавување на дополнителни информации од разните други набљудувачи и ќе продолжиме одблиску да го следиме изборниот процес и кампањата во пресрет на вториот круг на локалните избори на 7 април”
Американската амбасада во Македонија во првиот круг имала 27 мониторинг тимови, а вклучувајќи и дополнителни нивни набљудувачи во тимовите на мисијата на ОБСЕ/ОДИХР.