Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Стејт Департмент: Лага е дека САД и Украина користат хемиско и биолошко оружје

0
By Соња Крамарска on March 10, 2022 ВЕСТИ, СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Кремљ намерно шири отворени лаги дека САД и Украина спроведуваат активности со хемиско и биолошко оружје во Украина, објавија денеска САД, а пораката преку социјалната мрежа Фејсбук ја пренесе и американската амбасада во Северна Македонија. Видовме, се вели во објавата, дека и претставници на Кина ги повторуваат овие теории на заговор.

„Оваа руска дезинформација е тотална глупост и не е прв пат Русија да измислува вакви лажни тврдења против друга земја. Исто така, овие тврдења беа разоткриени дефинитивно и постојано во текот на многу години“, се вели во соопштението на Стејт Департментот, кое го пренесува американската амбасада во земјава.

„Русија измислува лажни изговори во обид да ги оправда сопствените ужасни акции во Украина. Соединетите Држави не поседуваат ниту работат никакви хемиски или биолошки лаборатории во Украина, тие се во целосна согласност со своите обврски според Конвенцијата за хемиско оружје и Конвенцијата за биолошко оружје и никаде не развиваат или поседуваат такво оружје“, наведува американскиот Стејт Департмент.

Притоа се додава дека Русија е таа која има активни програми за хемиско и биолошко оружје и ја прекршува Конвенцијата за хемиско оружје и Конвенцијата за биолошко оружје. „Конечно, Русија има навика да го обвинува Западот за злосторствата што самата Русија ги прави. Овие тактики се очигледен трик на Русија во обид да ги оправда понатамошните однапред смислени, неиспровоцирани и неоправдани напади врз Украина. Целосно очекуваме Русија да продолжи да ги удвојува ваквите тврдења со дополнителни неосновани наводи“, реагираат САД.

Инаку, Конвенцијата за биолошко оружје (BWC) или Конвенција за биолошко и токсинско оружје (BTWC), е договор за разоружување кој ефикасно забранува биолошко и токсинско оружје со тоа што го забранува нивниот развој, производство, стекнување, пренос, складирање и употреба. Целосното име на договорот е Конвенција за забрана на развој, производство и складирање на бактериолошко (биолошко) и токсинско оружје и за нивно уништување.

САД амбасада Стејт Департмент
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Турција почна со обука на сириската армија

October 30, 2025

Кипар – родова еднаквост и на семафорите

October 30, 2025

САД:Татко се јавил во полиција и признал дека ги убил четирите деца

October 30, 2025

За кражбата на накитот од Лувр во Париз уапсени уште пет осомничени лица

October 30, 2025

Шесткатница се урна во Турција – седум лица е под урнатините

October 29, 2025
ФОКУС

Комунална хигиена: Нема нафта за камионите – УО бара спас од Арсовска

ВЕСТИ October 30, 2025

Управниот одбор на Јавното претпријатие „Комунална хигиена“ – Скопје денеска упати „итна ургенција“ до градоначалничката…

ЈОРСМ: Две лица од раководството на ЈП „Комунална хигиена“ приведени за загрозување на животната средина и природата со отпад

October 27, 2025

Трамп до Путин: Нема да губам време

October 26, 2025

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025
ТИКЕР

Турција почна со обука на сириската армија

October 30, 2025

Кипар – родова еднаквост и на семафорите

October 30, 2025

САД:Татко се јавил во полиција и признал дека ги убил четирите деца

October 30, 2025

За кражбата на накитот од Лувр во Париз уапсени уште пет осомничени лица

October 30, 2025

Шесткатница се урна во Турција – седум лица е под урнатините

October 29, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.