Вашингтон: Северна Македонија не ги исполнува целосно минималните стандарди за елиминација на трговијата со луѓе, но прави значителни напори да го стори тоа. Владата покажа севкупни зголемени напори во споредба со претходниот период на известување и затоа Северна Македонија остана на ниво 2, стои во извештајот за трговијата со луѓе што денеска го објави американскиот Стејт департмент, пренесува Гласот на Америка на македонски јазик.
Официјални лица и набљудувачи продолжуваат да пријавуваат дека полициските службеници кои се ниско рангирани може да бидат соучесници во трговијата со луѓе, вклучително и криење докази, примање мито, менување на патролните рути во корист на сторителите, известување на сторителите пред дејствија за спроведување на законот или директна вмешаност во организиран криминал, се вели во извештајот за трговијата со луѓе кој го објави Стејт департментот на САД. Линк