Градоначалникот на Карпош, Стевче Јакимовски за НОВА ексклузивно со изјава за неговото кандидирање на локалните со Милетиќ, и покрај одлуката на СДСМ да не се оди на избори: Ова беше тешка одлука, ја направив за граѓаните.
Ова е изјавата на Јакимовски:
Размислував долго, навистина ова беше тешка одлука, меѓу тоа сметам дека во оваа ситуација грчот кај граѓаните, вработените и администрацијата во општина Карпош и се она што е во нашата општина е многу посилен, сметам дека со излегување на избори дека ќе направиме да се дојде до една порелаксирана состојба, затоа што сметам дека Карпош мора да оди понатака и дека ние кои се бавиме со политика се бориме да дојдеме до избори и дека таму треба да се потврдуваме.