Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Стевчо Јакимовски ослободен од куќен притвор

0
By Нова ТВ on September 16, 2019 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Стевчо Јакимовски e ослободен од куќен притвор, откако судија на претходна постапка минатата недела му ја укинал мерката куќен притвор и му одреди мерки на претпазливост.

-Од надлежен јавен обвинител до судија на претходна постапка на 12. 09. 2019 година доставен е предлог за укинување на мерката куќен притвор и определување мерки за претпазливост. По разгледување и ценење на предлогот истиот е уважен од судија и мерката куќен притвор е укината, а определени се други поблаги мерки за претпазливост, соопштуваат од Судот.

Јакимовски беше во куќен притвор од 19 март годинава поради злоупотреби со легализација на градежни објекти и државно земјиште. Обвинителството за организиран криминал тогаш бараше притвор, но поради здравствени причини му е одредена поблага мерка односно куќен притвор.

Одделот за сузбивање криминал и корупција при МВР до ОЈО за гонење организиран криминал и корупција поднесе кривична пријава за злоупотреба на службената положба и овластување против поранешниот градоначалник на општина Карпош Стевчо Јакимовски и четворица вработени во општината кои во одделите за урбанизам. Поднесена е и кривична пријава за помагање против лицата сопствениците на фирмите ГРОМ дооел Скопје, на ЕМАГ дооел Скопје, ДОТ Мебел ДООЕЛ Скопје и физичкото лице ТК за кривично дело поттикнување во врска со злоуптреба на службената положба.

Според обезбедени документи во истрагата, тие иако знаеле дека не смеат, позитивно одговориле на поднесени барањата  ГРОМ Промет, ЕМАГ, Дот Мебел и од физичкото лице Т.К за лгализација на времени објекти – бараки на улицата „Илинденска“ на градежно неизградено земјиште во сопственост на државата, иако објектите согласно законските одредби не смееле да бидат предмет на постапка за легализација на бесправно изградени објекти.

За што се гони Стевчо Јакимовски

Со потпишување решение за утврдување на правен статус на времени објекти како да се бесправно изградени, на подносителите на барањата им овозможиле да ги запишат во јавните книги како легални објекти во нивна сопственост  и со тоа им дале  ексклузивно право да откупат земјиштето во сопственост на државата.

На ГРОМ промет, му овозможиле противзаконски да стекне имотна корист на градежно земјиште од 1.533 метри квадратни кое како неизградено земјиште во 2016 година имало вредност од 28 милиони денари 450.000 евра.

На ЕМАГ ДООЕЛ Скопје да стекне имотна корист со површина од 722 метри квадратни, кое во 2016 година вредело најмалку 13 милиони денари или 211.000 евра.

На фирмата ДОТ Мебел ДООЕЛ Скопје и на Т.К како физичко лице им е овозможено да се стекнат со ексклузивно право на откуп на државно земјиште под објект по 450 денари за квадрат, иако ако се одржало јавно наддавање, тоа би достигнало цена од 300 евра за квадрат.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Најмалку три лица загинаа при експлозија во станбена зграда во Букурешт

October 17, 2025

Путин го свика Советот за безбедност на Русија по разговорите со Трамп

October 17, 2025

Рама до „Самоопределување“ на Курти: Посакувате Тачи засекогаш да остане во Хаг

October 17, 2025

Мерц: Без реформи Европа ќе стане пиун на Азија и САД

October 16, 2025

Авионот на министерот за одбрана на САД морал принудно да слета – пукнало ветробранското стакло

October 15, 2025
ФОКУС

ЦИВИЛ со нова акција: Прес центар и нтензивна комуникација со јавноста в недела за време на претстојниот изборен ден

ВЕСТИ October 17, 2025

На 19. октомври, со почеток во 7 часот наутро, ЦИВИЛ ќе го отвори прес центарот…

Ноќеска на полноќ почнува изборниот молк, кандидатите уште денеска имаат можност да се претстават пред граѓаните

October 17, 2025

Трамп: Во моментов разговарам со Путин

October 16, 2025

Закажано првото рочиште за трагедијата во Кочани – судскиот маратон почнува на 19. ноемнври

October 16, 2025
ТИКЕР

Најмалку три лица загинаа при експлозија во станбена зграда во Букурешт

October 17, 2025

Путин го свика Советот за безбедност на Русија по разговорите со Трамп

October 17, 2025

Рама до „Самоопределување“ на Курти: Посакувате Тачи засекогаш да остане во Хаг

October 17, 2025

Мерц: Без реформи Европа ќе стане пиун на Азија и САД

October 16, 2025

Авионот на министерот за одбрана на САД морал принудно да слета – пукнало ветробранското стакло

October 15, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.