Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Стоев: Отворени сме за дијалог со Северна Македонија

0
By Biljana on May 25, 2021 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Интензивирање на дијалогот со Северна Македонија ќе биде главен приоритет на бугарската Влада, најави новиот министер за надворешни работи на Бугарија Светлан Стоев.

Како што јави дописникот на МИА од Софија, според Стоев, ова е актуелно прашање за кое треба да се разговара.

„Прв приоритет ќе биде враќање на довербата и интензивирање на билатералниот дијалог меѓу Бугарија и Република Северна Македонија. Ние сме отворени за дијалог. Она што е потребно е постојаност, конструктивен став во дијалогот и можам да кажам дека целта е да се постигнат одржливи и неповратни резултати во воспоставувањето на довербата меѓу двете земји“, рече министерот Стоев.

Мониторингот од страна на ЕУ е гаранција дека билатералниот договор на Бугарија со Северна Македонија ќе биде спроведен, рече во петокот бугарскиот шеф на дипломатијата по средбите со португалскиот колега Аугусто Сантош Силва еврокомесарот за проширување, Оливер Вархеји.

„Се обидуваме да кажеме јасно, не само на македонската страна, туку и на нашите партнери, дека нашата политика е конзистентна. Предлагаме продлабочување и рестартирање на дијалогот. Втората точка на која се работи е враќањето на темата во рамките на нормалните европски формати, каде што за овие прашање треба да дискутираат земјите-членки на ЕУ и на Бугарија да ѝ се дадат гаранции дека билатералните договори ќе се спроведува во иднина. Овој мониторинг од страна на ЕУ е гаранција дека договорите кои се потпишани и кои треба да се потпишат ќе бидат имплементирани. Ова е стратегијата. Очекуваме конструктивен дијалог од страна на Република Северна Македонија“, рече Стоев, за бугарските медиуми.

Бугарија дијалог политички дијалог
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Почит во Србија на 1.300 Македонци од Вардарскиот баталјон загинати во Првата светска војна кај Костолачка Коса

November 16, 2025

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025
ФОКУС

Брисел: Албанија утре го отвора последниот кластер во преговорите со ЕУ

ВЕСТИ November 16, 2025

Утре во Брисел ќе се одржи 7-та меѓувладина конференција, за пристапување на Албанија во Европската…

Скопје: Без збор – со мисла / 12:05 Ангелите со скопјани / протестен марш / 15 ноември 2025

November 15, 2025

„Дојдете и бидете со нас“ повикаа родителите на настраданите во кочанската трагедија – Марш за Ангелите денеска во Скопје / Плоштад Македонија 12:05

November 15, 2025

Маршот на Ангелите утре во Скопје во 12:05 – родителите ги повикаа скопјани да им се придружат

November 14, 2025
ТИКЕР

Почит во Србија на 1.300 Македонци од Вардарскиот баталјон загинати во Првата светска војна кај Костолачка Коса

November 16, 2025

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.