Наум Стоилковски, портпарол на ВМРО – ДППМНЕ на вонредна прес конференција објави дека возачот на бентлито е Бурим Маслам Харачина, за кој тврди дека е осуден криминалец, лежел за обид за убиство и со две активни кривични, а е заштитен од Заев и Спасовски како бела мечка.
– Харачина дивее во Скопје по цена од 45 евра, во неговиот дом е направен и претсес во акцијата на полицијата во Грчец и Арачиново, најдено е оружје, тоа е човекот кој лумпува по скопските улици, а го казнуваат со само со 45 евра – рече Стоилковски кој објасни дека според законот на Харачина треба да му се поднесе кривична пријава ппоради загрозување на безбедноста на граѓаните.