Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг потврди дека има намера да ја напушти функцијата есента 2023 година, изјави тој во интервју за Си-Ен-Ен.
„Јас заминувам оваа есен. Сигурен сум дека Алијансата ќе најде достојна личност да ме замени“, рече тој. Запрашан дали е подготвен да остане ако го прашаат членките на Алијансата, Столтенберг рече дека не сака да шпекулира за нешто што се уште не се случило. „Фокусиран сум да добијам помош од НАТО за Украина“, рече тој.
Портпаролката на НАТО Оана Лунгеску на 12 февруари за ДПА изјави дека Столтенберг нема намера да го продолжи својот мандат, кој истекува овој септември. Како што напоменува агенцијата, тој веќе три пати го продолжувал својот мандат и е генерален секретар речиси девет години.