Претставниците на НАТО се согласија да распоредат сили за одговор на источното крило на Алијансата, поради кризата во Украина. Ова го соопшти Јенс Столтенберг, генералниот секретар на НАТО пред малку на брифинг во седиштето на Алијансата во Брисел. Тој додаде дека над 100 авиони се во борбена готовност.
„Одбранбениот механизам на НАТО е активиран, што ни дава поголема слобода да преместиме војници и да ги испраќаме таму каде што е потребно“, рече Столтенберг на брифингот.
Тој нагласи дека потегот на НАТО е одбранбен, и дека Алијансата не сака конфликт. Столтенберг рече дека Русија ја затворила вратата за политичко решение.
„Ова е реалност која има сериозни безбедносни импликации, па затоа го зголемивме нашето присуство во источниот дел на Алијансата“, рече Столтенберг.