Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Стоматолошки „позајмува“ анестезиолог за децата со посебни потреби

0
By Менче Атанасова Точи on April 2, 2018 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Стоматолошкиот клинички центар нема вработен анестезиолог кој треба да врши интервенции кај деца и возрасни со посебни потрени. Поради ова се принудени да ангажираат анестезиолози од Клиниката за анестезија и реанимација(КАРИЛ) од каде доаѓаат анестезиолози три пати во неделата кога се вршат ваков тип на интевенции. Ова значи дополнителен трошок за установата, тврди др. Александар Димков од Клиника за детска стоматологија.

 Од кога се набави нов апарат и се надмина долгогодишниот проблем, интервенциите кај децата со посебни потреби се вршат непречено. Кај нив интервенциите како што се пломбирање или вадење заби се врши со целосна анестезија, со претходно закажување. Овие деца  со години беа оставени да трпат неподносливи болки бидејќи апаратот за анестезија се расипа пред осум години и тие беа оставени на милост и немилост. Тогашното раководство на Стоматолошкиот клинички центар немаше интерес да купи нов апарат и до пред извесно време овие деца беа оставени така, во големи маки. Лекарката анестезиолог која била вработена таму си заминала на КАРИЛ.
„За тоа време се собра бројка од 420 деца на кои требаше да им се изврши интервенција со целосна анестезија. Децата доаѓаа и сестрата само ги запишуваше во тетратка. Тоа се деца на кои не можете поинаку да им помогнете, тоа се деца кои си ги удираат главите од зид од страшни болки, тоа се родители кои претрпуваат огромни стресови со тие деца. Не се превзеде со години ништо. Тоа стоеше така, колешката си замина на КАРИЛ и ние останавме и без анетсезиолог“, изјави др.Димков.
Претходниот директор конечно набавил нов апарат и на клиниката во моментот има современ апарат за анестезија. Децата се примаат три пати неделно, по две деца на ден бидејќи интервенцијата може да трае и по 2-3 часа. Но, анестезиолог доаѓа на повик, вработените анестезиолози од КАРИЛ ротираат, а ваквиот дополнителнителен ангажман што преставува товар за клиниката.
„Сега имаме проблем, немаме анестзиолог па мораме да плаќаме анестезиолози од КАРИЛ, да доаѓаат да ја вршат таа услуга затоа што на некого пред повеќе години му текнало дека не ни е потребно тоа“, вели др. Димков.
Родител на дете со посебни потреби за НОВА раскажа низ какава голгота поминале додека пред еден месец не дошле на ред да му се поправат забите на нивниот 15 годишен син.
„ Ја удираше главата од зид. Некогаш знаеше одеднаш да стане и да започне да удира по некој што ќе се најдеше до него. Ние не знаевме што се случува, ниту пак тој знаеше да каже дека го боли заб, па често интревенираа на Психијатрија при што му даваа инјекција за смирување во таква ситуација и ќе заспиеше. Од пред еден месец од кога му ги пломбираа забите, два му извадоа тој е мирен и немаме никакви проблеми“, изјави за НОВА родител на дете со посебни потреби.
Директорката на Стоматолшкиот клинички центар, Амела Цана за НОВА изјави дека анестезиолог им е потребен, но не знаат дали ќе најдат бидејќи во државата има дефицит од анестезиолози.
„Размислуваме за вработување на анестезиолог, но тешко дека ќе најдеме. Во моментот одделението функционира добро, ротираат сите 30 анестезиолози од КАРИЛ со која имаме едногодишен договор. Секако дека е тоа трошок за нас но, мораме некако да се снаоѓаме“, изјави др. Цана, директорка на Стматолошкиот клинички центар.
Огромен е бројот на деца кои чекаат да дојдат на ред за интервенција. Со ова темпо по шест деца неделно добиваат помош на Стоматолошките клиники.
Родителите на децата со посебни потреби со години бараа спас, молеа кај сите претходни раководства, се обраќаа до медиумите бидејќи кај овие деца не може да се интервенира поинаку, освен со целосна анестезија што не се прави во ниту една стоматолашка ординација.
 Првиот апарат за анестезија беше набавен во 1998 година кога и се отвори одделението за анестезија и реанимација и тоа беше еден голем чекор напред. Никаде во околните земји немаше таков оддел, а во Стоматолшкиот клинички центар почнаа да згрижуваат деца и возрасни со посебни потреби и деца со екстремен страв. Ова одделение функционираше до пред осум години кога престана да работи апаратот, престанаа и да се набавуваат лекови за оваа намена, а по една година си замина и анестезиологот. Со години не се наоѓаа средства, а и немаше интерес да се набави ваков апарат.
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Шесткатница се урна во Турција – седум лица е под урнатините

October 29, 2025

Загинаа сите патници по падот на авионот на кениската компанијата „Момбаса Ер Сафари“

October 28, 2025

October 28, 2025

Германија: Училишна програма за децата во случај на војна

October 27, 2025

Полицијата во САД откри сериски убиец по 20 години

October 27, 2025
ФОКУС

ЈОРСМ: Две лица од раководството на ЈП „Комунална хигиена“ приведени за загрозување на животната средина и природата со отпад

ВЕСТИ October 27, 2025

Јавното обвинителство денеска соопшти дека се приведени и задржани две лица од раководството на ЈП…

Трамп до Путин: Нема да губам време

October 26, 2025

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025
ТИКЕР

Шесткатница се урна во Турција – седум лица е под урнатините

October 29, 2025

Загинаа сите патници по падот на авионот на кениската компанијата „Момбаса Ер Сафари“

October 28, 2025

October 28, 2025

Германија: Училишна програма за децата во случај на војна

October 27, 2025

Полицијата во САД откри сериски убиец по 20 години

October 27, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.