Во овој спот се се врти околу оваа убава жена. Спортистите се обидуваат да го привлечат нејзиното внимание на разни начини. Но, младата жена не покажува никаков интерес за нив и гледачот се прашува зошто.
Овој спот за спортска опрема на една норвешка фирма е без сомнение еден од најелаборираните помеѓу оние кои се борат за правата на хомосексуалците.
Така, за да и се спротивстават на хомофобијата која владее во Русија, повеќе компании одлучија, за зимските игри во Сочи, на интернет да ја покажат својата креативност во борбата за правата на лезбејките и хомосексуалците.