НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Стопирани се трансплантациите на бубрези на Клиниката за урологија

0
By Менче Атанасова Точи on October 9, 2015 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

На Клиниката за Урологија веќе втор месец не се пресадуваат бубрези, а нема најави дека наскоро ќе започнат да се изведуваат ваков вид трансплантации. Иако во текот на летото се избегнува да се прават трансплантации, лекарите се зачудени зошто во септември кога требаше да започне вообичаената динамика, пресадувањата се запрени.

Во лекарските кругови се шират повеќе верзии, почувајќи од тоа дека имало неколку смртни случаи, дека затајува постоперативниот тек за кој се грижат на Клиниката за нефрологија, до тоа дека на големо се планира отварање на Центар за трансплантација во градската болница „8 Септември“, во просториите од кои треба да се сели кардиохирургијата „Филип Втори“,

Според повеќе извори кои се добро упатени во проблематиката со Центарот би раководел искусниот хирург Живко Поповски, инаку близок до владејачката ВМРО ДПМНЕ.

Неофицијално, наредбата да се стопираат операциите стигнала од „горе“, но официјална потврда за такво нешто нема. Но, изјавите на сите одговорни фактори кои ги контактираше НОВА, се многу контрадикторни.

Националниот координатор, др. Аспазија Софијанова за НОВА потврди дека се стопирани трансплантациите но, само од жив дарител. Таа тврди дека заради претпазливост се работи на адаптирање на испитувањата кои ќе гарантираат поголема податност, а со тоа и подолго преживувањље на пациентите.

„Ги адаптираме испитувањата на Клиниката за трансфузиологија и на Институтот за имунологија, се со цел да се избегне отфрлање на пресадениот бубрег и пациентите да имаат подолг век на преживување“, изјави за НОВА Софијанова.

Сепак, таа призна дека комуникацијата во тимот за подготовка на пациентите за трансплатација, треба да се подигне на повисоко ниво. Софијанова рече дека знае за идејата за отворање на Центар за трансплантација во градската болница „8 Септември“, ја поздравува, но само кога тој би бил дел од јавното здравство.

Директорот на Клиниката за урологија Михаил Пенев ваквиот застој го оправда со реновирање на дел од Центарот за трансплантација кој се наоѓа на клиниката.

„Реновираме нешто минимално, но и тимовите одат низ градовите во внатрешноста да бараат парови за донирање. Немам добиено никаква наредба од Министерството да се стопираат трансплантациите“, изјави кратко Пенев.

Од друга страна, во Министерството за здравство велат дека Програмата за трансплантација се спроведува во континуитет и најважно за пациентите е дека нема листа на чекање за трансплантација, односно континуирано се идентификуваат пациенти со потенцијални донори за трансплантација и се вршат сите потребни анализи и испитувања.

„Континуирано се посетуваат центрите за дијализа од страна на претставници од Универзитетската клиника за нефрологија во соработка со Министерството за здравство, кои индивидуално разговараат со пациентите, со цел да ги информираат и едуцираат за методот на трансплантација.

Воедно, на овој начин се идентификуваат пациенти со потенцијален донор, како и пациенти кои се заинтересирани за кадаверична трансплантација. Во тек се посетите на центрите за дијализа на подрачјето на Скопје, а веќе се изготвува распоред за посета на останатите центри низ државата“, се вели во писмениот одговор од Министерството за здравство.

Од таму, потенцираат дека на Клиника за урологија во тек е реновирање на санитарните јазли и генерално чистење и стерилизирање на Центарот за трансплантација, во насока на унапредување на условите за пациентите. Никаде не стои дека има застој на трансплантациите иако тоа го потврдува и директорот Пенев и Националниот координатор Софијанова.

Но, не само што не се вршат трансплантации во последните два месеца, туку тие бележат драстичен пад уште од почетокот на годината. Од јануари до сега се направени се само 12 пресадувања на бубрег, од кои девет се од жив дарител и три од починат, односно кадараверична трансплантција. Во изминатите две години пак, беа направени во просек по 40 трансплантации годишно.

Во Фондот за здравство пак, велат дека воопшто не знаат дека се стопирани трансплантациите, ниту пак издале наредба за такво нешто.

„Ние имаме буџет за таа намена , а Клиниката за урологија си прави план. За пресадување на бубрег клиниката добива од 5000 до 6000 евра, а за кадаверична трасплантација околу 12 000 евра.“. Средствата понатаму треба тие да си ги распоредуваат“, велат во Фондот за здравство.

Дел од лекарите кои се вклучени во процесот на трансплантацијата што ги контактираше НОВА, потврдуваат дека имало неколку смртни случаи и вината ја наоѓаат, во како што велат политиката, на вакви одговорни места наместо искусни лекари, да се назначуваат„партиски послушници“ без искуство. Особено се револтирани што за координатор на Клиниката за нефрологија била поставена докторка со едногодишно искуство во областа на нефрологијата.

„Потребен е стручен кадар со искуство во оваа област, со лична и морална одговорност“, велат лекари за НОВА, кои сакаат да останат анонимни. Лекарите потенцираат дека операцијата е рутина која трае три часа, се останато во постоперативниот тек и понатамошното лекување е одговорност на нефролозите. А, тука очигледно нешто затајува, потенцираат лекарски извори.

Лекарите велат дека работат ентузијастички, не им се плаќа екстра услуга како што ветил министерот Тодоров, иако Фондот ги плаќа операциите на клиниката. Обвинуваат дека, во делот на кадаверичната трансплантација им се ветувале некои работи на семејствата доколку се согласат да ги донираат органите од починатиот.

„Им се ветуваше дека ќе бидат покриени погребните трошоци, дека ќе вработат некој член од семејството. Сега нема ништо од тоа и луѓето не се согласуваат да ги донираат органите на нивните блиски кои се во мозочна смрт. Нема ниту кампањи за подигнување на јавната свест на граѓаните за донирање на органи од починат дарител“, велат истите извори.

Револтирани се што после 40 години искуство во оваа област, трансплантацијата згаснува.

Од друга страна во лекарските кругови се шпекулира дека целата работа околу застојот на трансплантациите е да се направи вештачка криза, бидејќи се подготвува Центар за трансплантации во градската болница, кој би го раководел Попов. Според, непотврдените информации се чека кардиохирургот Жан Митрев да ги испразни просториите на двата спрата во болницата кога ќе се сели во новиот објект, а на тоа место да се отвори нов Центар за трансплантација.

Директорт на градската болница „8 Септември“ вели дека не е известен за такво нешто и дека во болницата веќе имаат планови како да се искористи тој простор, да се отвори неврохирургија, спортска траума и слично. Но, рече дека слушнал за таа идеја. И тој го подржува отварањето на таков Центар, но нагласи, само доколку тој биде дел од јавното здравство, а не да се приватизира.

„Доколку биде дел од јавното здравство го поздравувам отварањето на ваков Ценатар. Но, да не се случи преку ноќ да се претвори во приватен, како што тоа беше случај со кардиохирургијата на Жан Митрев“, изјави за НОВА Сашо Стојчев директор на градската болница „8 Септември“.

Во Здружението на болни на дијализа се шокирани од застојот на трансплантациите, а образложението кое го добиле од директорот Пенев било исто, се реновира. Од „Нефрон“ велат убедени се дека зад сето ова постојат некои други работи.

„Проблемот е системски, шкрипи нешто во организацијата. Згора на се и државата не застана зад проектот, особено во подршка на кадараверичната трансплантација. Нема кампања за подигнување на свеста на граѓаните, а новиот Закон за трансплантација не одговара на менталитетот на граѓаните. Значи, треба многу работи да се направат бидејќи од медицински, социјален и економски аспект ова е единствениот и најдобар начин на лекување на пациентите на кои им откажале бубрезите“, изјави за НОВА др. Љубинко Трепеновски од Здружението „Нефрон“.

Попов во моментот работи во една приватна болница, каде што исто така слушнале за идејата за отварање на ваков Центар, но немаат официјална потврда за тоа. Хирургот не беше достапен за информација.

И додека во јавноста излегуваат контардикторни информации зошто се стопирани трансплантациите околу 500 луѓе кои се наоѓаат на дијализа, чекаат на листата да им биде пресаден бубрег. Еуфоријата и големата промоција стивнаа.

Нема кампања за подигнување на јавната свест за донирање на органи, а нема ниту финансиски средства предвидени за тоа. За разлика од трансплантациите , особено кадаверичната која може да спаси многу животи, Владата финасира кампањи против правото на избор на абортус, за здрава храна, против луѓето со поинаква сексуална ориентација.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Ураганот „Ерин“ достигна четврта категорија, предупредувања за источниот брег на САД

August 18, 2025

Трамп: Голем напредок околу Русија, следете!

August 17, 2025

Вучиќ: Во следните три или четири дена државата ќе преземе решителни мерки за враќање на мирот и поредокот во Србија

August 17, 2025

Зеленски: Рускoто одбивање за преговори за прекин на огнот ја комплицира ситуацијата

August 17, 2025

Мерц со критика за самитот Трамп–Путин: Помалку ќе беше повеќе

August 17, 2025
ФОКУС

Армијата го слави 33-от роденден со свеченост во касарната во Штип

ВЕСТИ August 18, 2025

Во касарната „Јане Сандански“ во Штип денеска ќе се одржи централна свеченост по повод 33.…

Најмалку 21 лице загина чекајќи хуманитарна помош во Газа

August 17, 2025

Скопје 19.00: Почесна артилериска стрелба по повод Денот на Армијата

August 17, 2025

Белград: И ноќва масовни протести низ цела Србија, масовно присуство на српската полиција и нови облаци од солзавец

August 16, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.