Неколку стотини граѓани од земјите од поранешна Југославија денска се собраа во Куќата на цвеќето во Белград за да му одадат почит на поранешниот претседател на СФРЈ, Јосип Броз Тито.
Меѓу присутните на оваа комеморација како што пренесува Танјуг се и граѓани од Македонија.
Еден од нив е пензионерот Ѓорѓе Николов од Кочани.
Само луд човек може да го заборави времето на Тито. Имавме слобода , леб имаше за сите а најмногу за работниците. Сега работниците добиваат по 100 или 150 евра плата, рекол Николов во изјава за агенцијата Танјуг.
Николов гробот на Тито го посетува на овој ден кога се одбележува неговата смрт 13 години по ред.