Последен предлог за кој власта и опозицијата начелно се согласиле е странец да биде претседател на комисијата што треба да ги расчисти инцидентите на 24. декември, а одлуките да се носат со гласање, со поддршка на Европската комисија, јавува 24 Вести.
Сепак, од двете партии официјално не ја потврдуваат оваа информација.
Експертската комисија повеќе од два месеца е загалвена, бидејќи власта и опозицијата не можат да се договорат кој да претседава со неа и како да се носат одлуките.