Конечно e одлучено претседател на Анкетана комисија за 24 декември да биде странец. Поради тоа што ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ не постигнаа договор за експерт од земјава, делегацијата на Европската унија во Скопје подготвила листа со меѓународни експерти, а предлогот е еден од нив да ја преземе задачата претседател на комисијата, јавува Алсат-М.
Станува збор за компромис меѓу СДСМ и ВМРО ДПМНЕ кој првично беше против оваа опција, со образложение дека странци не треба да се мешаат во внатрешните политички прашања на Македонија.
Листата со експерти содржи звучни имиња кои имале значајни функции во меѓународните организации. Двете партии ја разгледуваат за да се доближат до еден заеднички избор. Од кабинетот на претседателот Иванов, исто како и од делегацијата на ЕУ во Скопје, не ги откриваат имињата со образложение дека сакаат да го зачуваат кредибилитетот на лицето кое ќе ја врши оваа функција.
Медиуммите веќе неколку недели шпекулираат околу оваа опција за Анкетната комисија, но досега нема официјална потврда ниту од ВМРО- ДПМНЕ, ниту од СДСМ.
Ако не се оформи Комисијата се загрозува исполнувањето на еден од политичките критериуми од Копенхаген.