Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Страшевски: Време ти е за оставка Мицкоски!

0
By Нова ТВ on March 27, 2021 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Адвокатот Јовица Страшевски, член на ВМРО-ДПМНЕ, испрати јавно обраќање, како што вели во интерес на членството на ВМРО ДПМНЕ и во интерес на сите граѓани, а потикнат од изјавите на лидерот на партијата Христијан Мицкоски.

Го објавуваме во целост неговото обраќање:

-Потикнат од двете интервјуа на Мицкоски дадени за ТВ Сител и ТВ Алфа не можев а да не ја споделам реалноста , вистината со граѓаните на Република Македонија и членството на ВМРО ДПМНЕ.

МИЦКОСКИ НЕ САМО ШТО ПОВТОРНО САМ СЕ ЛАЖЕ, СЕ ОБИДУВА И МИСЛИ ДЕКА МОЖЕ ПОВТОРНО ДА ГО ЛАЖЕ И ЧЛЕНСТВОТО НА ВМРО ДПМНЕ, ЦЕЛАТА МАКЕДОНСКА ЈАВНОСТ И ГРАЃАНИТЕ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА.
ЗАТВОРЕН, МАЃЕПСАН ВО ШТАБСКОТО ДЕЛУВАЊЕ ВО ЛУКСУЗОТ ВО БЕЛАТА ПАЛАТА.

Мицкоски повторно неспремен одработувајќи за власта за неговиот шеф Зоран Заев, немајќи став за ниту едно важно прашање за Република Македонија, повторно немајќи став за пописот како и за сите претходни работи од национален и државен интерес ( име,јазик,идентитет, договорот од Преспа, и договорот со Бугарија) неспремен за локалните изборите, шири дезинформации дека немало услови за попис, како и фер и демократски избори,потоа дека има страв од Ковид 19 пандемијата и наводната негова грижа за граѓаните на Република Македонија.

Денес бара ‘влакно во јајцето, утре јајце во влакното’

Денес со став за имунизација на попишувачите, утре ќе бара имунизација на избирачки одбори, имунизација на гласачите, имунизација на ДИК и се така само за да избега и се соочи со реалноста и со неговата неспособност за решавање на државните прашања во Република Македонија и недостигот на храброст и идеи,одработувајќи за Зоран Заев и власта, правејќи си сам претстави во кои и тој не верува а само одработува.

Мицкоски како и пред парламентарните избори 2020 така и сега,прво бараше итни избори, потоа истакнуваше дека нема услови за фер и демократски избори, за потоа повикувајќи се дека има наводна грижа за пандемијата ковид 19 и граѓаните на Република Македонија. Сето ова беше блеферска финта за да Христијан Мицкоски ја прикрие неговата неспособност за победа на било кои избори,а имаше шанса ГОЛЕМА ШАНСА, неповторлива!!!

Требаше веднаш по изборите 2020 да повикаш на масовни протести, непризнавање на изборните резултати и повик за рушење на оваа ненародна криминална влада на СДСМ.
Наместо сега кога власта е на колена со сите нејзини неспособности да излезеш и да повикаш на
– масовни протести и рушење на ненародната власт на Заев и СДСМ
– да го спречиш бришењето на Македонската историја, Македонската нација
– веднаш да го напуштиш Парламентот, советите на општините
– да се блокира работата на институциите и системот
– ВМРО ДПМНЕ веднаш да формира влада
Ти Мицковски се радуваш како мало дете на две министерски места и ти е чест што ќе бидеш власт со твојот шеф Заев.

Сето ова Мицкоски, мудро го премолчува и овозможува оваа ненародна влада на СДСМ да биде комотна, бидејќи нема сериозна закана од премногу слабата опозиција предводена од ВМРО ДПМНЕ и Христијан Мицкоски, и згора на сета оваа неспособност на оваа Влада на Зоран Заев и СДСМ, наместо да ја срушиме од власт, Мицкоски како на голем триумф и голема победа се радува што ќе бил конечно власт, заедно со неговиот шеф Заев, добивајќи две леви министерства и еден заменик министер.

Мицкоски, наместо да излезеш машки и сите да ги обединиш ,членството и народот, да покажеш лидерство, ти по незнам кој пат го лажеш членството, јавноста и целиот народ со ситни лаги и манипулации.

ВРЕМЕ Е ЗА ТВОЈА ОСТАВКА Мицкоски!

ВРЕМЕ Е ЗА ОБЕДИНУВАЊЕ, ОБНОВА И ПОВТОРНО ВРАЌАЊЕ НА СИЛНО И ОБЕДИНЕТО НЕПОБЕДЛИВО НЕПОКОРНО ВМРО ДПМНЕ!, пишува Страшевски.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

САД ја тестираа балистичката ракета „Minuteman III“ од воздухопловната база Ванденберг во Калифорнија до Маршалските острови

November 5, 2025

Анџелина Џоли во ненадејна посета на Херсон

November 5, 2025

Десет повредени, четворица во критична состојба – возач намерно удри во луѓе во Франција

November 5, 2025

Муштериите разочарани од часовниците што ги продава Трамп, се жалат на слаб квалитет и доцнење на испораките

November 5, 2025

Гугл привремено го отстрани новиот ВИ-модел „Џема“ поради халуцинации и лажни податоци

November 5, 2025
ФОКУС

Рокас до Сиљановска: Сегашниот момент е најдобар за храбри и одлучни чекори во реформите

ВЕСТИ November 5, 2025

Евроамбасадорот Михалис Рокас на средбата со претседателката Гордана Сиљановска Давкова ѝ порачал дека сегашниот момент…

ЕК: Северна Македонија треба да ги финализира обрските за отворање на Кластерот „Основи вредности“

November 5, 2025

Зохран Мамдани избран за градоначалник на Њујорк – прв муслиман на функцијата

November 5, 2025

Сиљановска-Давкова го прими Извештајот на ЕК за напредокот за 2025 година

November 4, 2025
ТИКЕР

САД ја тестираа балистичката ракета „Minuteman III“ од воздухопловната база Ванденберг во Калифорнија до Маршалските острови

November 5, 2025

Анџелина Џоли во ненадејна посета на Херсон

November 5, 2025

Десет повредени, четворица во критична состојба – возач намерно удри во луѓе во Франција

November 5, 2025

Муштериите разочарани од часовниците што ги продава Трамп, се жалат на слаб квалитет и доцнење на испораките

November 5, 2025

Гугл привремено го отстрани новиот ВИ-модел „Џема“ поради халуцинации и лажни податоци

November 5, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.