Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Струмичкиот карневал ќе се одржи од 2 до 9 март

0
By НОВА ТВ Mitreska on January 26, 2022 ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Годинашниов Интернационален струмички карневал ќе се одржува од 2 до 9 март, но во редуцирано издание и со строго почитување на здравствените протоколи за јавни настани во услови на пандемија од Ковид-19.

Ова го соопшти денеска градоначалникот Костадин Костадинов, кој истакна дека вековната карневалска традиција на Градот под Царевите Кули не може да има подолги паузи.

– Тоа ќе ги демотивира карневалските групи да не учествуваат во иднина на карневалот. Карневалот ќе се одржи, но ќе биде од локален карактер. Покрај карневалистите од Струмица, ќе бидат поканети по еден претставник од карневалските групи од странство кој најчесто учествуваа. Барање на струмичани е да не престане вековната традиција и апелирам до сите максимално да ги почитуваат мерките и протоколите за заштита од пандемијата, изјави Костадинов.

Главната карневалска вечер ќе се одржи на 5 март и оваа година новина е тоа што во карневалското дефиле е со скратена маршрута и во него ќе учествуваат само домашни карневалски групи и поединци.

Карневалските празнувања ќе траат осум дена. Ќе почнат на 2 март со предавање на клучот од градот на карневалџиите, а ќе завршат на 9 март, на празникот Тримери, со тримерски ручек и враќање на клучот.

Во деновите на карневалското празнување ќе се одржат концерт под маски на музичкото училиште „Боро Џони“, маскенбал, детски карневал, бел грав на градскиот плоштад, доделување награди на најдобрите карневалски маски, афоризми, карикатури и литературни творби на тема карневал, карневалско село-забава на плоштадот, а ќе биде промовирана и монографија по повод 30-годишниот јубилеј од oрганизараното одржување на карневалот.

Карневал Струмица
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.