Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Струмичките земјоделци на протести

0
By Нова ТВ on January 31, 2014 ЕКОНОМИЈА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email


Со нас веќе неможете да манипулирате, ние не им веруваме на вашите лаги, ова денеска и го порачаа на владата на Груевски, земјоделците од струмичкиот регион.

Незадоволни од откупот на тутунот и селективната исплата на штетите од ланските поплави и воопшто од катастрофалната состојба во земјоделството, тутунари, раноградинари и жители од поплавените села, денеска половина час го блокираа магистралниот пат Струмица – Радовиш. Земјоделците се гневни и револтирани од игнорантскиот однос на министерството за земјоделство кон тутунарите и нивните проблеми со откупот на тутунот. Според тутунарите, првите реколти како што се, прва, втора и трета класа не се откупувале на откупните пунктови, а и тоа што се откупувало било по мизерни цени. Тие се плашат дека нема да биде откупен целиот род од ланската реколта.

Земјоделците обвинија и за селективна исплата на штетите од поплавите што го зафатија регионот во февруари минатата година.

-Денес излеговме на протести и против Владата која веќе цела година не лаже дека ќе ги добиеме парите кои ни следуваат како оштета од ланските поплави. Од извршените проценки за штетите од поплавите само дел од партиските војници на власта добија обесштетување, додека најголемиот дел од вистинските и оштетените земјоделци се уште немаат добиено ниту денар, рече Ристо Велков, претседател на Сојуз на синдикат на земјоделски производители.

Од денешната блокада, земјоделците испратија и неколку барања до министерството за земјоделство. Бараат, проценката на тутунот да биде реална, според реалниот квалитет на тутунот, министерот за земјоделство јавно да излезе и да застане на страната на тутунарите и да гарантира дека тутунот од оваа реколта ќе се откупи до последен килограм.

Исто така, упатија апел до откупните компании да ја забрзат динамиката на откуп на тутунот бидејќи тутунарите се без пари, сиромашни и изнемоштени, а со секој поминат ден нивниот тутун губи на квалитет и да не се манипулира со самите тутунари и да започне откупот на целиот род вклучувајќи го и тутунот од првата и втората берба, а од владата побараа да ги исплати парите на сите земјоделци на кои им е нанесена штета од поплавите во февруари минатата година.

Земјоделците обвинија дека по вчерашната најава на денешниот протест бил вршен притисок врз земјоделците да не излегуваат на блокадата.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Јапонија погодена од земјотрес со јачина од 6,8 степени, издадено предупредување за цунами

November 9, 2025

Контроверзен руски крипто-милионер и сопругата се убиени во Дубаи, телата им ги распарчиле изнудувачи

November 9, 2025

Големи демонстрации во Лисабон: Работниците се спротивставуваат на олеснето отпуштање и скратување на правата

November 9, 2025

Кина привремено ја укина забраната за извоз на ретки метали во САД

November 9, 2025

Бајден до Трамп: Ги посрами САД и ги издигна интересите на богатите над оние на обичните Американци

November 9, 2025
ФОКУС

36 години од падот на Берлинскиот ѕид

ВЕСТИ November 10, 2025

Берлин, некогаш поделениот град што беше симбол на Студената војна, денеска одбележа 36 години од…

„Супорт Кочани“ : Собравме и поделивме близу 11 милиони денари на 137 лица

November 9, 2025

Родителите на починатите во „Пулс“ со порака до судиите: Не дозволувајте болката и гневот да станат уште поголеми

November 8, 2025

Лукоил извиси – Ганвор груп се откажа

November 7, 2025
ТИКЕР

Јапонија погодена од земјотрес со јачина од 6,8 степени, издадено предупредување за цунами

November 9, 2025

Контроверзен руски крипто-милионер и сопругата се убиени во Дубаи, телата им ги распарчиле изнудувачи

November 9, 2025

Големи демонстрации во Лисабон: Работниците се спротивставуваат на олеснето отпуштање и скратување на правата

November 9, 2025

Кина привремено ја укина забраната за извоз на ретки метали во САД

November 9, 2025

Бајден до Трамп: Ги посрами САД и ги издигна интересите на богатите над оние на обичните Американци

November 9, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.