Жителите на Струга в среда во 14 часот ќе протестираат пред зградата на „Проаква“ поради тоа што градот е без вода.
Во најавата на протестот под мотото „21 век, а нема вода ни за лек“ се вели дека најголемиот проблем што им се случува секое лето е недостигот на вода во одредени делови од градот, иако градот „лежи“ на две води- Охридското Езеро и реката Црн Дрим.
„Едно два месеци по ред, вода ниту за лек“, стои во најавата. Граѓаните се револтирани од овој проблем кој се повторува секое лето.
Изговорот е дека имало тесни цевки, дека неодговорно се трошела водата, дека имало гости…
На овие високи температури, тие велат дека се приморани да полнат шишиња за одржување на личната хигиена.