Студентите кои ги блокираа влезовите во зградата на Радио-телевизија Војводина (РТВ) утрово околу 5.30 се разотидоа откако жандармеријата поставо кордон, со што на вработените им е дозволен влез во зградата. Пред зградата на Радио-телевизија Србија во центарот на Белград и кај студиото на Кошутњак се уште се протестира од студентите во блокада и дел од вработените не можат да стигнат до своите работни места.
Полицијата во Нови Сад соопшти дека во соработка со обвинителството, во тек е идентификација на сите лица кои сториле кривични дела и прекршоци, а против нив ќе бидат поднесени соодветни прјави.
„Полицијата насилно ги потиснува луѓето, за да можат вработените во РТС да влезат зградата. Соочени со оваа полициска бруталност, вработени во РТС се откажаа од влегување. Остануваат надвор, меѓу студентите и граѓаните…И покрај се, има чесни луѓе во РТС“, беше објавено на Икс на ФДУ во блокада.
Radnici RTS-a odbijaju da uđu kroz ćevabdžinicu. Najzad. pic.twitter.com/2yhWJTzP9A
— FDU u blokadi (@sviublokade_fdu) April 15, 2025
Главна вест на порталот на РТС утрово е блокадата на јавниот сервис, при што РТС нагласува дека „студентите во блокада незаконски ги блокираат зградите на РТС“