Студентите од Белград кои тргнаа пеш кон Нови Сад, се со цел да ги поддржат своите колеги и да ги блокираат трите моста во чест на три месеци од несреќата на железничката станица, ноќта ја поминаа во Инџија.

Тие преспаа на фудбалски стадион, а утрово го продолжија патувањето. Останатите нивни колеги денеска од Белград тргнуваат на велосипеди.

Додека белградските студенти патуваат, нивните колеги во Нови Сад се спремаат за нивниот дочек.
Предвидено е тие да пристигнат попладнево. Во 16 и 30 часот студентите во Нови Сад ќе се соберат на кампусот и заедно одат да ги пречекаат своите колеги на Варадинскиот Мост.
View this post on Instagram
Тие веќе спремија и транспарент за дочекот на кој пишува „Па каде сте белграѓани“.
Studenti se spremaju za doček kolega Beograđana pic.twitter.com/XZOTbwZUKa
— Autonomija Info (@autonomijandnv) January 30, 2025
Факултетие во Нови Сад веќе објавиа дека се спремни да ги пречекаат колегите, подготвиле душеци, кебиња, храна и слично.
View this post on Instagram
Најавуваат дека ќе подготват и забава за добредојде.