Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Студентски пленум на медицина:Ние сме експериментални заморчиња на власта

0
By Менче Атанасова Точи on May 20, 2015 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email


Соочени со разни санкции, казни и како што велат голем психолошки притисок Студенскиот пленум на Медицински факултет одлучи да го крене својот глас против лошите законски решенија и реформи кои ги спроведува Министерството за здравство.

Тие велат дека откако Министерството ги осмисли и спроведе мерките за контрола на лекарите, направи лош обид да ги стави под контрола и идните генерации студенти по медицина, како и специјализантите.

„Министерството добива контрола и ингеренции на специјализантите, непотребно се трошат големи финансиски средства наместо тие да се пренасочат на други места, се е направено неплански, без цел и насока. Се носат санкции без да се размисли за последиците, а студентите и специјализантите се третираат како експриментални заморчиња“, вели за НОВА Матеа Јовановска студент на Медициски факултет и член на Студентски пленум.

Студентите кои с е сега во прва година на медицина треба да полагаат државен испит, за кој како што велат, контрола има само министерот кој одлучува во име на професорите.

На студентите им се крати една сесија, а покрај обемниот материјал, тие до август идната година треба да го подготват и првиот дел од државниот испит кој се полага пред Комисија од Министерството за здравство. Полуспецијалстичкиот испит е пред камери во живо, а се се емитува на веб сајтот на Министерството.

„ Бараме Лекарската комора да си ја препознае својата работа. Апелираме до Министерството за здравство и до јавноста да го слушнат нашиот глас бидејќи ние имаме поддршка и од професорите и од студентите“,вели Емир Шкријељ, студент на Медицински факултет и член на Студентскиот пленум.

Ова, се само дел проблемите со кои се соочуваат студентите и специјализантите кои што организираа трибина на оваа тема, со цел да се чуе нивниот глас. Тие велат дека Законот за континуирана медицинска едукација и за специјализација, како и измените во Законот за здравствена заштита се направени набрзина, нетранспарентно, без никој да ги праша студентите и без широка јавна расправа.

Тие велат дека ова е прва иницијатива која не е поттикната од ниту една институција на власт, туку е автохтона од самите студенти. Со ова , велат дека сакаат да покажат колку се лоши законските измени за кои предупредуваат дека ги уништуваат идните генарации студенти на медицина.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

САД ја тестираа балистичката ракета „Minuteman III“ од воздухопловната база Ванденберг во Калифорнија до Маршалските острови

November 5, 2025

Анџелина Џоли во ненадејна посета на Херсон

November 5, 2025

Десет повредени, четворица во критична состојба – возач намерно удри во луѓе во Франција

November 5, 2025

Муштериите разочарани од часовниците што ги продава Трамп, се жалат на слаб квалитет и доцнење на испораките

November 5, 2025

Гугл привремено го отстрани новиот ВИ-модел „Џема“ поради халуцинации и лажни податоци

November 5, 2025
ФОКУС

Рокас до Сиљановска: Сегашниот момент е најдобар за храбри и одлучни чекори во реформите

ВЕСТИ November 5, 2025

Евроамбасадорот Михалис Рокас на средбата со претседателката Гордана Сиљановска Давкова ѝ порачал дека сегашниот момент…

ЕК: Северна Македонија треба да ги финализира обрските за отворање на Кластерот „Основи вредности“

November 5, 2025

Зохран Мамдани избран за градоначалник на Њујорк – прв муслиман на функцијата

November 5, 2025

Сиљановска-Давкова го прими Извештајот на ЕК за напредокот за 2025 година

November 4, 2025
ТИКЕР

САД ја тестираа балистичката ракета „Minuteman III“ од воздухопловната база Ванденберг во Калифорнија до Маршалските острови

November 5, 2025

Анџелина Џоли во ненадејна посета на Херсон

November 5, 2025

Десет повредени, четворица во критична состојба – возач намерно удри во луѓе во Франција

November 5, 2025

Муштериите разочарани од часовниците што ги продава Трамп, се жалат на слаб квалитет и доцнење на испораките

November 5, 2025

Гугл привремено го отстрани новиот ВИ-модел „Џема“ поради халуцинации и лажни податоци

November 5, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.