-Студенти од студентскиот дом Кузман Јосифоски-Питу ни напоменаа дека во домот нема парно веќе подолг период. Утре и задутре се очекува вечерните температури да достигнат и до -16 степени, соопштија денеска Пленумци на нивната фејсбук страница.
-Повикуваме сите релевантни институции веднаш да се зафатат со решавање на овој проблем, бидејќи таму седат нивните деца, иднината и интелигенцијата на оваа држава. Ова не е само студентски проблем, ова е пропаст на основните вредности на нашето општество. Кога надлежните би се ставиле во кожата на студентите во студентските домови, би им проработила ли совеста?, велат од Студентски пленум.