Се заострува вербалниот дуел меѓу премиерот и студентскиот пленум. Обвинувањата кои Груевски ги искажа во вчерашното телевизиско интервју дека зад нив стои СДСМ, но и одредени професори од Правниот, Економскиот и Архитектонскиот факултет кои по списоци ги поттикнувале да излезат на протест за нив се неосновани, но и веќе слушнати, објави Телма
„Уморни сме од ова реторика, преку која премиерот се обидува да даде партиска конотација на иницијативата и со тоа да ја делегетимира. Студентскиот пленум ќе настојува да го врати академското ниво кое се базира на критичност и аналитички пристап, а не на лични дисквалификации и етикетирање“, стои во соопштението.
Студентсткиот пленум реагира и поради начинот на кој ќе се одвива тестирањето, а чии детали Груевски ги обелодени во интервју за Сител. Нема да има екстерно, туку државен испит кој ќе се полага се додека не положи, и тоа во два дела. Добиената оценка од прашањата нема да влијае врз успехот на студентот , ниту пак ќе има последици по професорот.