Субрата Рој останува зад решетки, откако Врховниот суд на Индија не одобри ослободување со кауција на индискиот бизнисмен Субрата Рој кој е во затвор од 4-ти март.
Предлогот за исплата на кауцијата е одбиен, а судиите бараат да се достави нов план за исплата.
Првиот човек на групацијата Сахара предлагаше во рок од три дена да уплати околу 415 милиони долари, а уште 2.500 крори (415 милиони долари), како и банкарска гаранција за преостанатите 5.000 крори (околу 830 милиони долари) да достави во следните 60 дена. Судиите сепак го отфрлија ваквиот предлог и побараа од Рој да достави нов план за исплата на кауцијата.