Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Субрата Рој под истрага во Индија за фантомските инвеститори

0
By Нова ТВ on July 9, 2013 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Индија покренува истрага за фантомските инвеститори во компанијата на Субрата Рој, Сахара.

Во неможност да се потврдат или следат големиот број обврзници во случајот на рефундацијата на Сахара, Индиската комисија за хартии од вредност (СЕБИ), започна процес на консултација со бизнис конгломератот за потврдување на автентичноста на инвеститорите, јавува индискиот портал Money Сontrol.

Групацијата Сахара, од своја страна изјави дела е подготвена за целосна соработка со регулаторот на пазарот за да се потврдат ингеренциите на над неколкуте милиони обврзници.

Врховниот суд побара од двете Сахара фирми – Сахара Индија Недвижнини (SIRECL) и Сахара инвестиции за вдомување (SHICL) – поврат преку СЕБИ на повеќе од 5 милијарди американски долари со камата. Од Сахара е побарано детално снабдување на информации за инвеститорите, за можност за рефундација откако ќе се потврдат ингеренциите.

Според СЕБИ, „Сахара Груп“ должи 4,38 милијарди долари, а овие пари што сега им се враќаат на инвеститорите се од уплата извршена од страна на групацијата во износ од 934 милиони долари. „Сахара“ тврди дека износ од 3,65 милијарди долари има вратено на две компании што купиле нејзини обврзници директно, но ова треба допрва да се утврди од независни извори.

Воедно, во пилот-проектот за верификација спроведен од страна на СЕБИ, се откри дека огромното мнозинство на овие инвеститори е неможно да се следат, се вели во извештајот на регулаторот пред нејзиниот одбор кон крајот на минатиот месец.

„ Овие случаи за Сахара групацијата ќе бидат наведени во догледно време, поради нивно разјаснување“, изјави СЕБИ.

Според високи официјални претставници, СЕБИ сега имплементира механизам за одржување консултации со групацијата за верификација на тие инвеститори кои се или без можност за следење или чии ингеренции не се во состојба да се потврдат.

Во својата првична одлука Врховниот суд на 31 август 2012 година, побара од Сахара да ги депонира парите од инвеститорите и документите поврзани со процесот, за рефундација.

Подоцна на 5 декември, 2012, Врховниот суд и дозволи на групацијата да ги депонира парите на три рати, 850 милиони долари со грејс веднаш, и приближно 1,5 милијарди долари во рамките на првата недела на јануари 2013 година, а останатите со биланс од февруари првата недела.

Сахара, сепак, депонираше само 850 милиони долари и тврдеше дека износот бил повеќе од доволен за задоволување на неизмирените обврски бидејќи претходно биле вратени повеќе од 3 милијарди долари директно до инвеститорите.

СЕБИ ги оспори овие барања и прашањето ќе биде сослушано од страна на Врховниот суд на 17 јули.

Во меѓувреме, Субрата Рој Сахара стана почесен доктор на економски науки на University of East London.

Рој во македонските медиуми деновиве беше топ-тема заради градежната парцела со површина од 621 метри квадратни спроти споменикот „Воин на коњ“ која бесплатно ќе ја добие индискиот бизнисмен.

Одлуката за подарување на атрактивната локација во строгиот центар на Скопје ја донело Министерството за култура, а истата веќе е публикувана во Службен весник.

Префрлањето на сопственоста на земјиштето на компанијата „Сахара глобал“ ќе се реализира во рок од 60 дена, по што обележјето на Мајка Тереза ќе може да почне да се гради на постоечкиот пешачки коридор помеѓу хотелот во изградба „Мериот“ и планираниот хотел што треба да го гради грчкиот бизнисмен Деметрис Кондоминас.

Во согласност со податоците од ДУП „Мал Ринг“, за обележјето на Мајка Тереза е дозволена максимална висина од 32 метри, пишува Билд.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Десет повредени, четворица во критична состојба – возач намерно удри во луѓе во Франција

November 5, 2025

Муштериите разочарани од часовниците што ги продава Трамп, се жалат на слаб квалитет и доцнење на испораките

November 5, 2025

Гугл привремено го отстрани новиот ВИ-модел „Џема“ поради халуцинации и лажни податоци

November 5, 2025

Владата на САД руши рекорди – веќе 36 дена е во блокада

November 5, 2025

Во пожар во Дом за пензионери во БиХ загинаа 10 лица

November 5, 2025
ФОКУС

Рокас до Сиљановска: Сегашниот момент е најдобар за храбри и одлучни чекори во реформите

ВЕСТИ November 5, 2025

Евроамбасадорот Михалис Рокас на средбата со претседателката Гордана Сиљановска Давкова ѝ порачал дека сегашниот момент…

ЕК: Северна Македонија треба да ги финализира обрските за отворање на Кластерот „Основи вредности“

November 5, 2025

Зохран Мамдани избран за градоначалник на Њујорк – прв муслиман на функцијата

November 5, 2025

Сиљановска-Давкова го прими Извештајот на ЕК за напредокот за 2025 година

November 4, 2025
ТИКЕР

Десет повредени, четворица во критична состојба – возач намерно удри во луѓе во Франција

November 5, 2025

Муштериите разочарани од часовниците што ги продава Трамп, се жалат на слаб квалитет и доцнење на испораките

November 5, 2025

Гугл привремено го отстрани новиот ВИ-модел „Џема“ поради халуцинации и лажни податоци

November 5, 2025

Владата на САД руши рекорди – веќе 36 дена е во блокада

November 5, 2025

Во пожар во Дом за пензионери во БиХ загинаа 10 лица

November 5, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.