Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Субвенции за инвертор клими во Скопје, Тетово, Битола и Кичево

0
By Нова ТВ on September 11, 2019 КЛИМАТСКИ ПРОМЕНИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Жителите на Скопје, Тетово, Битола и Кичево кои ќе ги заменат печките на дрва со инвертер клими ќе добијат субвенции од Владата.

Граѓаните во зоните каде загадувањето е енормно, ќе ја добијат целата сума за која е купен инвертерот. Оваа мерка како што кажа заменик-министерот за животна средина Јани Макрадули на денешната прес конференција, се носи со цел да се стимулираат граѓаните без трошоци да го сменат начинот на загревање на домовите.

-Граѓаните кои ќе ги заменат печките на дрва ќе добијат ваучeри. Нема да одиме по принципот прв дојден прв услужен, бидејќи сакаме да дадеме предност на барателите со ниски примања, а потоа и за останатите граѓаните, рече Макрадули.

Што се однесува на висината на цената, тој рече дека одлуката за висината на средствата ќе ја донесат институциите во рамки на компанијата Елем, а тоа според него ќе биде релативно брзо.

Прашан како ќе се врши контрола и дали ќе следи санкција доколку граѓаните не ги почитуваат правила и продолжат да се греат со огнено дрво, Макрадули потенцираше дека ќе има казнени мерки и контроли.

-Ќе има казнени мерки и контроли. За тоа општините ќе бидат носители на мониторингот. Граѓанинот ќе склучи договор со кој се обврзува дека нема да ја користи печката за огрвено дрво. Доколку се установи дека користи огревно дрво, ќе следат санкции. Се разбира, најзаинтересирани ќе се граѓаните да ја извршат замената бидејќи ќе им е поевтино и нема да ги загадуваат нивните блиски во семејството, истакна Макрадули.

Покрај средства за домаќинствата на вчерашната владина седница беше одлучено да се пренаменат 5 милиони денари за приклучување на болницата во Струмица која досега се загреваше на нафта, на гасовод.

Од програмата на Министерството за животна средина за намалување на загадување ќе бидат додели средства на 19 општини за замена на опрема на нееколошки системи на греење во градинки, училишта и здравствени објекти. Во 16 општини ќе бидат поддржани проекти за енергетска ефикасност, во 8 општини вклучувајќи го и Град Скопје ќе се дадат пари за подигнување на нови зелени површини. Обезбедени се средства како амандман на опозицијата за прочистувачи на воздух во 34 училишта, како и филтри на мали компании во Полошкиот регион.

-Справување со изворите на загадување во многу земји дало резултати во борбата против аерозагадувањето. Сите анализи покажуваат дека со замената на греењето со еколошки системи драстично ќе се намали загадувањето. Оваа зима 70 објекти кои лани загадувале нема да бидат извор на загадување, кажа Макрадули.

 

 

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Загинаа сите патници по падот на авионот на кениската компанијата „Момбаса Ер Сафари“

October 28, 2025

October 28, 2025

Германија: Училишна програма за децата во случај на војна

October 27, 2025

Полицијата во САД откри сериски убиец по 20 години

October 27, 2025

Париз: ДНК ги откри крадците но накитот од Лувр уште го нема

October 27, 2025
ФОКУС

ЈОРСМ: Две лица од раководството на ЈП „Комунална хигиена“ приведени за загрозување на животната средина и природата со отпад

ВЕСТИ October 27, 2025

Јавното обвинителство денеска соопшти дека се приведени и задржани две лица од раководството на ЈП…

Трамп до Путин: Нема да губам време

October 26, 2025

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025
ТИКЕР

Загинаа сите патници по падот на авионот на кениската компанијата „Момбаса Ер Сафари“

October 28, 2025

October 28, 2025

Германија: Училишна програма за децата во случај на војна

October 27, 2025

Полицијата во САД откри сериски убиец по 20 години

October 27, 2025

Париз: ДНК ги откри крадците но накитот од Лувр уште го нема

October 27, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.