Притворски барања за симнување на имунитет на Сашо Василевски, Жаклина Пешевска, Љупчо Димовски стигнале во Собранието, потврдуваат извори за тв 24.
Истите извори велат дека е пристигнато уште едно притворско барање, но не кажуваат за кого.
Според информациите барањата не се отворен,и бидејќи се чека Претседателот Талат Џафери да се врати од пат, бидејќи до него се адресирани.
Според информациите за барањата се информирани и членовите на комисијата за мандатно имунитетни и деловнички прашања и комисијата е подготвена да се одржи утре.
Заклучокот на комисијата се глaса со 61 гласа, а конечниот збор го има Собранието, кое во рок од три дена мора да се изјасни за извештајот на комисијата.