Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

СУДЕЊА ПРЕД ПРЕСУДИ ЌЕ ПОЧНАТ ОДНОВО: Разрешени судии на клучни предмети

0
By НОВА ТВ on July 14, 2021 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Судските процеси „Титаник“, „Талир“, „Тендери“, „Траекторија“ меѓу другите и „Шпански скали“, се дел од предметите кои ќе мора да се вратат на самиот почеток, иако дел од нив беа пред самиот финиш и во скоро време скопскиот Кривичен суд се очекуваше да донесе пресуди. Причината за ова е разрешување на судии кои беа дел од Судечкиот совет во предметите. Ваква пракса нуди актуелниот Закон за кривична постапка, кој дава и опција исказите на сведоци да се прочитаат на повторениот судски процес, наместо сведоците повторно да се повикуваат во судница. Но за ова треба да се согласат сите обвинети, адвокати и застапникот на обвинението.

– Со согласност на странките, советот може да одлучи определени сведоци и вештаци да не се сослушуваат повторно, туку да се прочитаат нивните искази внесени во записниците од поранешната главна расправа, пишува во членот 371 од Законот за кривична постапка.

Најголемиот и еден од клучните предмети што го отвори згаснатото Специјално обвинитлество, „Титаник“, во кого има 21 обвинет за изборни нерегуларности е најновиот предмет кој ќе мора повторно да почне од почеток. Ова следи со последната одлука на Судскиот совет, тело кое именува, унапредува и разрешува судии, со која го разреши сдијата –  поротник Митко Сандев. Судењето за изборните нерегуларности почна во 2018 година, а по три години рочишта во кои обвинителството изведе докази и сослуша сведоци, сè паѓа во вода. Меѓу обвинетите во овој случај е поранешниот владин и партиски врв на ВМРО-ДПМНЕ, како Никола Груевски, Миле Јанакиески, Кирил Божиновски, Мартин Протуѓер, Гордана Јанкулоска, меѓу другите и Илија Димовски.

Со разрешување на истиот судија – протник, Сандев, одново ќе мора да почне и судскиот процес „Тендери“, кој се однесува за злоупотреби со тендерот за изградбата на музејот на ВМРО. По три години одржувани рочишта и пред самиот финиш, овој предмет во кој се обвинети поранешната министерка за култура, Елизабета Канческа Милевска и уште две лица ќе мора да се врати на почеток. Завршните зборови за случајот „Тендери“ требаше да се одржат вчера, но една обвинетите имала стомачен вирус, по што судењето се одложи.

Со претходното разрешување на судијата Горан Бошевски од скопскиот Кривичен суд, по автоматизам од почеток се враќаат судењата за „Талир 1“, „Траекторија“ и „Шпански скали“.

Случајот „Талир 1“ се однесува за незаконско финансирање на ВМРО-ДПМНЕ, а според обвиненето на партиската сметка биле уплатени повеќе од 4,5 милиони евра, преку уплатници на партиски активисти иако лицата наведени во уплатниците не ги уплаќале парите лично. Токму поради овој случај, Кривичен го замрзна имотот на партијата ВМРО-ДПМНЕ, белата палата и уште други 68 недвижности. Во случајот „Талир“ обвинети се шестмина – Груевски, Кирил Божиновски, Божиновски, Јанакиески, Димовски, Леко Ристовски и самата партија.

Предметот „Траекторија“ се однесува за изградбата на кинеските автопати, Миладиновци – Штип и Кичево – Охрид. Судењето почна уште пред четири години, а пресуда нема иако процесот беше во самиот завршеток. Освен Груевски, обвинети се поранешните министер Јанакиески и вицепремиер Владимир Пешевски, како и поранешниот директор на Агенцијата за патишта Љупчо Геориевски. Во текот на судскиот процес на Груевски му застаре кривичното дело за кое се гонеше.

Во случајот „Шпански скали“, покрај Јанакиески, обвинети се Димитар Димовски, Билјана Дејановска-Димитровска, Виолета Самарџиска, Анета Јорданова, Дејан Митевски, Емилија Радојкова, Снежана Крстевска, Ристо Папазов, Лидија Смиљановска и Марјан Јованов. Тие се обвинети дека со незаконската продажба на парцелите пред зградата на ЕВН на плоштадот во Скопје ја оштетиле државата за 2,6 милиони евра. Во овој предмет Бошевски беше втор судија, а предметот го води судијата Владимир Туфегџиќ. „Шпански скали“ ќе почне по третпат, а првото повторување на судењето беше поради заминување на судија поротник. Во таа фаза беа изведени речиси 400 материјални докази.

Во сите овие судски процеси сега ќе мора одново да се изведуваат доказите, сите вештачења и повторно да се повикуваат сведоците да дадат исказ пред суд. Скопксиот Кривичен суд извести дека предметите каде Бошевски бил дел од Судечкиот совет сè уште не се распределени кај други судии, додека за денеска разрешениот судија поротник, скопска „единица“ не добила такво инфомирање од страна на Судскиот совет. Шефот на кривичниот суд утре на брфинг со новинарите ќе ја каже идната организација на судот за предметите кои, според Закон за кривична постапка, мора да се вратат од почеток.

предмети разрешувања судења
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Се преврте чамец со 11луѓе во Дунав кај Бачка Паланка, има настрадани

October 6, 2025

Довербата во германската владина коалиција падна на рекордно ниско ниво

October 5, 2025

Турските власти го забранија концертот на Роби Вилијамс во Истанбул поради безбедносни причини

October 5, 2025

„Златна треска“ во приморкса Бугарија по веста дека поплавата однела сеф со милиони лева и со и златни прачки

October 5, 2025

Бугарската војска со специјализирана опрема помага во чистењето на поплавената населба Елените на крајбрежјето

October 5, 2025
ФОКУС

По само нецел месец францускиот премиер Себастијан Лекорну поднесе оставка

ВЕСТИ October 6, 2025

Новиот француски премиер Себастијан Лекорну поднесе оставка, објави денеска Елисејската палата, пренесе ДПА.

Израел и Хамас почнуваат преговори во Египет за мировниот план на Трамп за Газа

October 6, 2025

Кијив: Во руските напади врз Запорожје едно лице загина и девет други се повредени

October 5, 2025

Родителите од Кочани до мицкоски: треба да се засрамиш, а не да одиш со крената глава

October 4, 2025
ТИКЕР

Се преврте чамец со 11луѓе во Дунав кај Бачка Паланка, има настрадани

October 6, 2025

Довербата во германската владина коалиција падна на рекордно ниско ниво

October 5, 2025

Турските власти го забранија концертот на Роби Вилијамс во Истанбул поради безбедносни причини

October 5, 2025

„Златна треска“ во приморкса Бугарија по веста дека поплавата однела сеф со милиони лева и со и златни прачки

October 5, 2025

Бугарската војска со специјализирана опрема помага во чистењето на поплавената населба Елените на крајбрежјето

October 5, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.