Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Судењето за „Трезор“ за злоупотреба на опрема на прислушување во УБК почна од почеток

0
By Соња Петрушевска on September 30, 2019 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Судењето за “Трезор” – денеска почна од почеток, поради истекот на 90 дена од последното рочиште кое се одржа на 1 јули и кога беше сослушан сведок на обвинителството.

Претходното рочиште закажано пред три дена на 27 септември беше одложено  поради отсуство на обвинетиот Мијалков кој имал здравствени проблеми. Неговиот адвокат Шврговски, во петокот до Судот достави медицинска документација за влошената здравствена состојба на обвинетиот и проблеми со желудникот.

Мијалков денеска беше во Судот и напомена дека освен во петокот бил редовен на сите останати судски рочишта.

Овој предмет го води Судијката Џенета Бектовиќ а застапници на обвинението се Артан Ајро и Трајче Пеливанов од СЈО кои сега постапуваат со овластување од Јавниот Обвинител.

Судењето за „Трезор“ почна во јуни минатата година по неколкумесечно месечно одолговлекување. Судијката Џенета Бектовиќ, четири месеци ја чекаше одлуката на Врховниот суд во Грција за екстрадиција на обвинетиот екс началник на Петтата управа во МВР, Горан Грујевски, за потоа да се одлучи да му се суди во отсуство.

Оттогаш на судските рочишта беа изнесени материјални докази од страна на обвинителите на СЈО од формирањето на фирмата „Финзи“ ДООЕЛ и трансакациите поврзани со неа, и беа сослушани и повеќе сведоци – вработени во УБК. За најмалку тројца сведоци – вработени во УБК, поради опасноста да споделат тајни и доверливи податоци, јавноста беше исклучена од судењата.

Обвинети во овој предмет се поранешниот директор на УБК Сашо Мијалков, поранешниот шеф на неговиот кабинет Тони Јакимовски, поранешниот помошник министер во МВР Небојша Стајковиќ и поранешниот началник на Петтата управа во МВР Горан Грујевски.

Според обвинението, обвинетите Мијалков, Јакимовски и Грујовски во 2010 година договориле набавка на опрема за пресретнување на комуникациите и обука за користење на опремата за потребите на Петтата управа. Но, наместо набавката да оди директно преку Министерството, обвинетите ја вклучиле и компанијата „Финзи“ како застапник на МВР.

На обвинетите им се суди за Злоупотреба на службената положба и овластување за набавка на електронско-комуникациска опрема за потребите на УБК со што го оштетиле Буџетот за 862.045 евра.

Следното рочиште за Трезор е закажано за 21 октомври.

Поради различни причини, најчесто поради промени во судечкиот совет од почеток започнаа и други случаи на СЈО :Поради промена на судечкиот совет во јануари минатата година од почеток почна судењето за „Траекторија“ во кој се обвинети Груевски, Пешевски, Јанакиевски. Поради истите причини – промена на судечкиот совет од почеток почна и судењето за „Транспортер“ во кој за злоупотреба на службената положба е обвинет екс битолскиот градоначалник и судењето за „Насилството во Центар“.

 

 

 

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.