Следното сослушување e закажано за 8 јануари. Мохамед Морси, соборениот египетски претседател ќе одговара под обвинение за поттикнување насилство.
Тој денеска прв пат се појави во јавноста во полициската академија во источен Каиро, откако беше соборен на 3 јули. Доколку биде осуден, Морси – првиот претседател избран на демократски начин, може да се соочи со смртна казна.
Поранешниот претседател на Египет беше пренесен со хеликоптер во понеделникот од тајна воена локација до местото на неговото судење. Според извори на „Ал Џезира“, седницата најпрво била одложена од судијата, кој побарал Морси да ги почитува правилата околу облеката за обвинетите, а другите да прекинат со извиците за време на судењето. Морси носел костум на судењето.
Морси се соочува со обвинителна пресуда заедно со 14 други припадници на Муслиманското братство – вклучувајќи ги и Мохамед ел-Белтаги и Есам ел-Ериан, поврзани со нападите во декември, пред претседателската палата, во кои загинаа десетина.