Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Судир на концепти – Пендаровски со попристапен дискурс за граѓаните, Силјановска изгубена во концептите на предавањата!

0
By Marija Todorovska on April 11, 2024 ИЗБОР
Фото: Нова Македонија
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Меѓу социјалдемократскиот кандидат за претседател, Стево Пендаровски, и кандидатката на екстремната десница, Горнада Силјановска Давкова, познавачите на политичките збиднувања во земјава – од нивните досегашни настапи гледаат разлики во дискурсот, но и во односот кон геостратешките определби на државата.

– Има клишеа како на последните избори во 2019 година меѓу овие два ривали. Стево Пендаровски се однесува како и секогаш потрадиционално и со дискурс кој може да се сфати од многу општествени чинители, додека Силјановска-Давкова е секогаш поизгубена во концептите на предавањата кои се чини дека се под влијание на професијата. Но, политиката е нешто друго, ако си инспиративен професор не значи дека можеш да бидеш инспиративен претседател. Гледам само мала нијанса на воздржаност кај Силјановска во однос на меѓународните договори, Преспанскиот и договорот со Бугарија. Така што се повикува на тоа што постојат меѓународни процедурални можности да се разгледаат, но дека во моментов се задолжителни за државата, изјави за „Фронтлајн“, Ќенан Алиу – политички аналитичар.

Во меѓувреме, додава тој, Пендаровски има стандарден наратив.

Универзитетската професорка Ана Чупеска констатира дека меѓу двајцата кандидати во претседателската трка, Стево Пендаровски и Гордана Силјановска Давкова има многу конкретни идеолошки разлики.

проф. Ана Чупеска

– На пример, кампања на ВМРО-ДПМНЕ која не е од сега почната, само е засилена со високо тонска палигенетска (воедно и ултра националистичка кампања); за разлика од Пендаровски и коалицијата која го подржува и кампањира демократски вредности, прогресивни, мултикултурни, и реал-политички позиции, потенцира професорката Чупеска.

Според неа, на ниво на емотивна стимулација, кампањите се исто така различни: едната е афективно популистичка, додека другата реално – соочувачка и еманципаторска.

– На ниво на понуди за решенија, слично: едната кампања е повеќе насочена на wishful thinking, другата на реалните и остварливи решенија. За жал, во популистичката кампањата има и серија од злоупотреба на дезинформации, констатира таа.

Политичкиот аналитичар Бесим Небиу вели дека ВМРО ДПМНЕ влезе во кампањата со повисок рејтинг, но прашање е колкава e разликата наспроти СДСМ. Затоа, смета Небиу, во моментов комуникациската битка се води околу перцепциите за тоа колкава е таа предност.

– Оваа битка ќе има влијание на тоа колку од „своите“ ќе излезат, а колку од противничкиот табор ќе останат дома. Но, мора да се има предвид фактот дека Кандидатот на СДСМ, претседателот Пендаровски, има повисок рејтинг од партијата која го номинира, а кандидатката на ВМРО-ДПМНЕ, има понизок рејтинг од нејзината партија. Затоа, претседателската кампања има голема тежина, бидејќи резултатот од првиот круг може да има огромно влијание во охрабрувањето или деморализацијата на базата на гласачи на двајцата кандидати во пресрет на 8 мај, подвлече Небиу.

Бесим Небиу
Бесим Небиу

Тој очекува, темата за европските интеграции да биде главна, односно визијата за тоа каква ќе биде Македонија во следните пет-десет години.

– ВМРО ДПМНЕ, мислам дека сака низ оваа тема да помине без премногу да ги објасни во детали своите гледишта за тоа што ќе биде по изборите, посебно во однос на ЕУ преговорите. Очекувам кампањата на Пендаровски и СДСМ да го притискаат ВМРО на ова прашање. За ова има две причини. Ако ВМРО излезе со „помирливи тонови“ односно настои да тргне кон ублажување на реториката за преговарачката рамка – тоа може да разочара десничарски гласачи. Ако пак, оди премногу надесно и ја радикализира својата позиција, ќе има проблем за коалицирање со албанските партии и со меѓународната заедница, нагласи тој.

Небиу смета дека ВМРО -ДПМНЕ ќе има „одбранбена кампања“ настојуваќи да балансира, т.е. да има двозначни пораки кои би можела по изборите да ги интерпретира зависно од тоа каква политичка позиција ќе им создаде изборниот резултат.

– СДСМ и Пендаровски мислам дека ќе го притискаат ВМРО-ДПМНЕ на ова прашање во текот на кампањата. Има голем број разочарани гласачи на СДСМ, кои не се партиски милитанти, а кои не се задоволни од она што денес се случува, особено со наративот „правда“ и „мир“. Тие луѓе сметаат дека владејачката партија сериозно потфрли на тоа прашање. Затоа битката на СДСМ на овие избори, во овие две кампањи, ќе биде да ги премисли тие гласачи, односно да им создаде мотив да излезат на гласање – настојувајќи да покажат дека ВМРО нема план за европска иднина, и дека нејзиното доаѓање на власт би значело децениско назадување за Македонија, нагласи Небиу.

Политикологот Благојче Атанасоски вели дека кампањата меѓу главните претседателски конкуренти е биполарен свет.

– Додека актуелниот претседател зборува за европерспективи како реал политика, кандидатката на опозицијата говори за Македонија повторно горда (и суверена веројатно). Со оглед на тоа, можеме да кажеме дека станува збор за различни идеолошки и стратешки правци во кампањата, а тоа е недвосмислена европска интеграција на Македонија како заложба на Пендаровски и некоја недефинирана политика во однос на ЕУ од страна на Силјановска, односно политика „на почек“ во однос на евроинтеграциите, изјави Атанасоски за „Фронтлајн“.

Кампањата за претседателските избори влегува во втората недела.

Дестан Јонузи / Фронтлајн

 

избори Пендаровски Силјановска
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Српското МВР повикува пензионирани припадници да се вратат на служба за плата од 80.000

October 8, 2025

Во станот во кој загина Македонец во Белград имало 1.5 кг експлозив

October 8, 2025

Ласа: Спасителите ги евакуираа сите блокирани од неверемето околу Еверест

October 8, 2025

Владата на Сирија постигнаа договор со Курдите за „сеопфатно примирје“

October 7, 2025

Ердоган: Турција ги презема првите чекори кон заедничка азбука за земјите што зборуваат турски јазик

October 7, 2025
ФОКУС

Нобеловата награда за хемија за 2025 година за тројца научници кои овозможија „собирање вода од пустински воздух“.

ВЕСТИ October 8, 2025

Нобеловата награда за хемија оваа година се доделува на Сусуму Китагава, Ричард Робсон и Омар…

Без поддршка на САД нема суверенитет на Косово, итно формирање на институциите, повика Советот за албанско-американски односи

October 8, 2025

Каиро: Нема напредок во преговорите за постигнување мир во Појасот Газа

October 8, 2025

Прес на ЦИВИЛ – Меѓународната конференција „Одбрана на демократијата – бојното поле на вистината“

October 8, 2025
ТИКЕР

Српското МВР повикува пензионирани припадници да се вратат на служба за плата од 80.000

October 8, 2025

Во станот во кој загина Македонец во Белград имало 1.5 кг експлозив

October 8, 2025

Ласа: Спасителите ги евакуираа сите блокирани од неверемето околу Еверест

October 8, 2025

Владата на Сирија постигнаа договор со Курдите за „сеопфатно примирје“

October 7, 2025

Ердоган: Турција ги презема првите чекори кон заедничка азбука за земјите што зборуваат турски јазик

October 7, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.