Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Судир на „Тиранската“ со „Приштинската“ платформа на македонски избори

0
By Marija Todorovska on February 20, 2024 ИЗБОР
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

ѐ уште е свежо сеќавањето на бурните реакциите за т.н. „Тиранска платформа“ од страна на ВМРО-ДПМНЕ и на дел од јавноста, дека „таа ќе ја уништи Македонија како држава и дека нејзини делови ќе бидат припоени кон Албанија“. За чудо такви реакции сега нема за „Приштинска платформа“.

Љубиша НИКОЛОВСКИ / Рацин.мк

Во обидите за заеднички настап на владеачките коалициски партнери на парламентарните избори, се креира мнение во јавноста дека тоа нема да е добро за СДСМ ако оди на заедники листи со ДУИ, затоа што тоа наводно и го намалува етно-националниот потенцијал!

Навистина не е јасно зошто сѐ уште треба да биде некакво табу коалицирање на партии од различна етничка провиниенција. Очигледно таа предрасуда важи само кога станува збор за коалиција со партија на Албанците, затоа што со децении веќе постојат широки коалиции од различни етнички групи и во таборот на ВМРО-ДПМНЕ и во блокот партии со СДСМ.

Кога станува збор за ваква коалициа барем за СДСМ тоа не би требало да зачудува затоа што еднаш тоа веќе се случи за време на „едно општество за сите“, кога на избори трчаа заедно со Беса, од што, за жал на СДСМ, корист имаше само Беса.

Од друга страна, пак, јасно е како ден дека и ВМРО-ДПМНЕ отворено ги посакува во своите редови партиите на Албанците од опозиција. Но да не заборавиме дека тие одат во пакет со партијата на косовскиот премиер Албин Курти. Тоа значи дека ВМРО-ДПМНЕ би коалицирало не само со партии на Албанците од Македонија, туку и со една косовска партија, во овој случај владеачката „Ветвендосја“ (Самоопределување).

Како и да е законот е јасен на кој начин тоа може да се случи, но треба да се знае дека со децении македонското општество се обидува партиите на Албанците да ги ослободи од сеалбанскиот патернализам кој во различни временски периоди доаѓал или од Албанија или од Косово.

Колку ова може да биде прифатливо за ВМРО-ДППМНЕ и неговите подржувачи останува да се види, ако е вистина дека кај нив „некој“ развил чуство на албанофобија.

Сѐ уште е свежо сеќавањето на бурните реакциите за т.н. „Тиранска платформа“ од страна на ВМРО-ДПМНЕ и на дел од јавноста, дека „таа ќе ја уништи Македонија како држава и дека нејзини делови ќе бидат припоени кон Албанија“.

За чудо такви реакции сега нема за оваа, „Приштинска платформа“, ако така може да се нарече собирањето на партиите од Европскиот сојуз за промени (сега наречено „Вреди“) кај косовскиот премиер Албин Курти.

Но, тоа и не е толку ново кога станува збор за одење на македонските партии на Албанците на „купување памет“ надвор од државата.

Посериозна за грижа е најавата дека „домашните“ претставници од косовското „Самоопредлеување“,  ќе ја креираат програмата и платформата на Европскиот сојуз за промени со која ќе настапат на изборите. Каква може да биде таа платформа ако не да биде базирана на албанските интереси на Косово, што е сосема друг државен субјект, со поинаков политички амбиент, кој од таа држава прави регионално нестабилен субјект.

Секако во оваа намера на постизборно коалицирање на ВМРО-ДПМНЕ и ЕСП не се работи за креирање заеднички предизборни листи, но принципот на здружување пред и по избори е во суштина ист. Имено, коалиции се прават заради постигнување парламентарно мнозинство и како предуслов за освојување на власта, односно формирање Влада.

Но, партиите мораат да се договорат за каква-таква задничка платформа, порано или подоцна преточена во владина програма.

Кај СДСМ и кај ДУИ е евидентна определбата за продолжување на европската интеграција, базирана на обврската за уставни промени лимитирани на внес на бугарското малцинство во Преамбулата.

На другара страна на политичката мапа се групираат опозициските партии на Албанците кои исто така се декларираат за проевропски и кои со многу убедувања од „надвор“, ја прифатија обврската за уставни промени во корист на Бугарите, откажувајќи се (привремено) од промена на синтагмата 20 проценти во Уставот во корист на  албанскит јазик.

И покрај тоа, тие се примамливи за ВМРО-ДПМНЕ кои во таквата дружба гледаат сигурна победа на изборите и што е поважно – преземање на власта.

Таквата Влада допрва ќе мора да се усогласува околу стратешките интереси на едните и на другите. Не го направат тоа сега, пред изборите, само поради самоувереноста на ВМРО-ДПМНЕ дека тие ќе однесат толку голема победа, што ќе им обезбеди таква позиција, со  која ќе ги диктираат условите на коалицирањето.

Токму тоа ја прави неизвесна таквата Влада затоа што засега немаат речиси ништо заедничко што суштински ги поврзува, освен желбата да ја симнат ДУИ од власт, секако во пакет со СДСМ.

Набргу може да се случи партиите да се соочат со непремостливи разлики од кои ќе се случат такви турбуленции на политичката сцена што неминовно или ќе не однесат во т.н. бугарско сценарио на последователни избори, или пак ќе бидеме сведоци на чудни пермутации на коалиции и пребег на партиите од една на друга страна.

Европски сојуз за промени Избори 2024 Љубиша Николовски Рацин.мк
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.