Демонстрантите во Доњецк ја опколиле зградата на обвинителството и фрлале камења и молотови коктели, а околу стотина полицајци возвратиле со шок бомби и солзавец.
Големиот број на демонстранти кои ја опколиле зградата успеале да ги разоружат полицајците. Им биле одземани шлемовите, панцирите, штитовите.
Најмалку четворица од нив биле повредени.
Про-руските активисти веќе неколку недели ја контролираат регионалната управа и канцеларијата на градоначалникот на Доњецк.
Од друга страна, германската канцеларка Ангела Меркел денеска повторно побара од рускиот претседател Владимир Путин помош за ослободување на тимот набљудувачи на ОБСЕ, кој е во заробеништво во Украина.