Судот во Белград притвори тројца луѓе под обвинение дека ширеле паника на социјалните мрежи во време на вонредни состојби, односно во време на поплавите. Според Судот, тоа го правеле така што објавувале лажни податоци за бројот на настраданите во поплавите.
Осомничените се терерат за кривично дело „ширење паника и неред во обид„ за кое што е предвидена затворска казна од 6 месеци до 5 години затвор, изјави денеска за Танјуг обвинителот за високотехнолошки криминал Бранко Стаменковиќ.