Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Судот за одложеното рочиште за Пуч: Не можеме да предвидиме болест

0
By Нова ТВ on September 16, 2016 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Friday, September 16, 2016 17:03

Кривичниот суд во писмено образложеие вели дека не може да се предвиди болест на член на судскиот совет, причина поради коај денеска повторно беше одложено рочиштето за случајот Пуч.

Повторно одложување за рочиштето за 1. ноември беше критикувано и од опозицискиот лидер Зоран Заев и од обвинителката Катица Јанева во чија надлежност е предметот.  Според опозицискиот лидер Зоран Заев, отсуството на поротник е само „покривање“ на тоа што главниот сведок Никола Груевски одлучил да не се појави во суд.

Специјалната јавна обвинителка Катица Јанева денеска изјави дека одложувањето за месец ипол е премногу, бидејќи осомничените се соочуваат со мерки за претпазливост и им е ограничена слободата. Според неа неоправдано е што Судот не дозволи новинарите да го следат рочиштето.

Од Кривичнипт суд велат дека немаат просторни и технички услови за одржување на рочиштетот за Пуч порано.

– Се работи за предмет со повеќе обвинети за тешки кривични дела поротив државата, а воедно во Кривичниот суд во Скопје, сеуште е во тек судењето за предметот поврзан со случувањата во Диво Насеље каде исто така се суди на поголем број обвинети за тешки кривични дела како и други притворски предмети од областа на организираниот криминал и корпуција кои се одржуваат во големата судница, па токму заради техничките и просторните услови судот неможеше да закаже термин за предметот познат како „Пуч“ пред веќе наведените термини.

Дополнително што се однесува до изјавата на обвинителката дека судот неоправдано го одлага предметот, ја информираме јавноста дека главната расправа за овој предмет за прв пат беше закажана уште на 05.08.2015 година, а потоа беа закажани уште 8 расправи во текот на наредните седум месеци од кои 5 расправи беа одложени заради отсуство на еден од обвинетите кој постојано беше на пат, а 3 расправи по барање на обвинителката, па затоа нејасно е со што судот го одолговлекува процеост, а воедно судот неможе да предвиди болест, ниту пак друго отсуство на член на советот или пак на некоја од странките, како бранител или обвинител, па токму затоа и нејасни се нервозните реакции на присутната обвинителка, се вели во соопштението.

Од Судот велат дека единственито сведок Никола Груевски не бил повикан на денешното рочиште бидејќи согласно Законот за кривична постапка,  на првата главна расправа, се даваат  воведни зборови на странките, односно обвинителот и одбраната, а  потоа дополнително се повикуваат сведоци и се изведуваат докази, па токму затоа и на денешното судење, согласно ЗКП, не било предвидено повикување на сведоци.

Од Судот велат дека за одложувањето на рочиштето ќе образложат во соопштение во текот на денот.

Во предметот „Пуч“ за шпионажа и насилство врз највисоки државни органи обвинети се лидерот на опозицијата Зоран Заев, контраразузнавачот Зоран Верушевски и неговата сопруга Соња Верушевска, порaнешниот вработен во тајната полиција Ѓорѓи Лазаревски, Звонко Костовски – вработен во МВР, како и Бранко Палифров вработен во општина Струмица.

Лидерот на СДСМ, Зоран Заев е обвинет за насилство спрема претставници на највисоките државни органи. Тој се товари дека на средби со премиерот Никола Груевски му се заканувал со докази против него. И премиерот Груевски на прес-конференција директно го обвини Заев дека со уцени и закани лидерот на СДСМ го ставил на маса барањето за техничка Влада.

Груевски тврдеше дека на четири средби одржани со Заев, претседателот на СДСМ му кажал дека има снимки набавени од странски служби и со нив го уценувал премиерот да попушти за барањето за техничка влада, соопшти премиерот уште на почетокот на 2015, но подоцна тој го отфрли првичното тврдење за странски служби.

Последното рочиште од овој случај се одржа на 2 март, кога Јанева побара одложување на расправата бидејќи, како што рече, на судењата не доаѓа сведокот кој е оштетен во случајот, и бидејќи од судот не им се доставени копиите од списите и електронските докази што им се потребни за да ги подготват воведните говори.

Јанева тогаш не го кажа името на сведокот, но јасно е дека станува збор за поранешниот премиер и актуелен лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски.

На почетокот на јуни, по укинувањето на аболицијата, Апелацискиот суд Скопје ги прифати жалбите на СЈО и на обвинетите во „Пуч“ против одлуката на Кривичниот суд за запирање на процесот и донесе одлука судењето да продолжи.

Апелацискиот суд претходно донесе одлука со која му наложи на Кривичниот суд да ги даде на Јанева копиите и доказите, но од првостепениот суд одговорија дека тие немаат обврска да ги дадат копиите и покрај одлуката на Апелација која, според нив, не е обврзувачка.

 

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Албин Курти со освоени 42,3 % од гласовите повторно во водство на изборите во Косово

June 7, 2026

Денеска пак избори во Косово – трети за годинаипол

June 7, 2026

Израелски проектил уби српски војник во Либан откако погоди база на ОН

June 4, 2026

Силен земјотрес го потресе јужниот дел на Италија

June 2, 2026

Најмалку четворица повредени во напад со нож во Швајцарија – напаѓачот извикувал „Алаху акбар“

May 28, 2026
shortcut
ФОКУС
June 12, 2026

Прилип: 60-ти „Војдан чернодрински“ – Гран при за МНТ за „Страв и надеж“

ВЕСТИ June 12, 2026

Прва награда за уметничко остварување во целина за претставата „Страв и надеж“ на јубилејното 60.…

Трамп: Постигнавме одлично решение за војната со Иран

June 12, 2026

САД – Канада – Мексико: Во 21.00 часот по средно европско време почнува 23-то Светско првенство во фудбал

June 11, 2026

Историјата повторно во фокусот: ЕП бара нова меѓувладина седница меѓу Скопје и Софија

June 11, 2026
ТИКЕР

Албин Курти со освоени 42,3 % од гласовите повторно во водство на изборите во Косово

June 7, 2026

Денеска пак избори во Косово – трети за годинаипол

June 7, 2026

Израелски проектил уби српски војник во Либан откако погоди база на ОН

June 4, 2026

Силен земјотрес го потресе јужниот дел на Италија

June 2, 2026

Најмалку четворица повредени во напад со нож во Швајцарија – напаѓачот извикувал „Алаху акбар“

May 28, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.