Од понеделник судовите ќе почнуваат со работа во 7:30 и ќе завршуваат во 15:30 часот, наместо како што беше досега, од 8:30 до 16:30 часот, одлучи Судскиот совет на денешната седница.
– Вработените во судовите, и судиите и судската администрација, недвосмислено се изјаснија дека им е подобро да работат од 7:30 часот. Ние го почитувавме тоа и сега ќе видиме, ќе следиме како тоа ќе влијае врз ефикасноста на работата на судовите – рече претседателот на Судскиот совет, Зоран Караџовски, по денешната седница.