Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Судска медицина: Наодот од обдукцијата на Тамара е изваден од контекст

0
By Менче Атанасова Точи on February 25, 2015 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Извадени се од контекст деталите од Извештајот од обдукцискиот наод на Тамара Димовска, тврдат за НОВА од Институтот за Судска медицина.

Експертите велат дека тие ја навеле бронхопнеумонијата која е непосредна причина за смрт, но, кој е условот и поводот што довел до оваа болест и до смрт, ќе биде предмет на понатамошната истрага.

Во обемниот Извештај е наведено се што треба, а кога ќе биде потребно се што е напишано ќе го образложиме пред обвинителот или во Судот, велат во Судска медицина. .

„Ние ја дадовме непосредната причина за смрт, а тоа е бронхопнеумонија. Но, условот и поводот кои довеле до смрт ќе бидат предмет на понатамошна постапка“, изјави за НОВА професорката Биљана Јаневска која го предводеше тимот што ја изврши обдукцијата.

Јаневска објаснува дека сколиозата како основна болест довела до намалување на градниот кош и намалување на капацитетот на белите дробови, што предизвикало понатамошни компликации. Токму тоа ќе стои и во Лекарскиот извештај кој е всушност официјален документ за причина на смртта, а треба да го подготви и на семејството да му го предаде Институтот за Судска медицина.

„Во тој извештај прво стои непосредната болест која довела до смрт, а тоа е брохопнеумонијата во случајот. Второ е состојбата на болест, а последна е основната болест, односно сколиозата,“вели Јаневска.


Од Судска медицина потенцираат дека ги обезбедиле сите материјални докази, фотографии од текот на три часовната обдукција , како и микробиолошки и хистопатолошки анализи кои се приложени во обемниот Судско медицински извештај.

„Ние сме должни да го обезбедиме и чуваме тој материјал во случај да биде побарано второ мислење. Семејството го има тоа законско право, доколку овластена институција побара ние ќе им го доставиме овој материјал за да може да се обезбеди и второ мислење. Судот или обвинителот одлучува каде ќе биде направено второто вештачење“ , тврдат од Судска медицина.

По завршувањето на целата процедура, наодот од обдукцијата на Судска медицина беше предаден во Државниот санитарен и здравствен инспекторат, која потоа треба да го достави до обвинителот.Но, од ДСЗИ вчера испратија соопштение во кое се вели дека во извештајот од обдукцијата е утврдено дека причината за смртта не е сколиоза, туку бронхопневмонија, односно акутно воспаление на респираторните органи, а утврдено е и присуство на емфизем во белите дробови.
.
„Државниот санитарен и здравствен инспекторат ќе испита дали Тамара воопшто била лекувана од оваа сериозна дијагноза. Првичните проверки и извршениот увид во електронскиот здравствен систем покажуваат дека девојчето не било третирано, односно воопшто не посетило лекар, ниту примало одредени лекарства за бронхопневмонијата. Државниот санитарен и здравствен инспекторат ќе продолжи со испитување на случајот во рамки на своите овластувања и надлежности“, се вели во соопштението на ДСЗИ.


Во Институтот за Судска медицина велат дека не навлегуваат во ваквиот начин на презентирање на информациите од страна на Државниот санитарен и здравствен инспекторат.

Од таму потенцираат дека не се подготвени да влегуваат во било каква комуникација со јавноста додека постапката не ја превземе Јавниот обвинител. Се што имале кажале во Судско медицинскиот извештај, кој потоа ќе биде образложен во надлежните институции, обвинителство или во Судот.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Најмалку две лица загинаа во земјотресот на Филипини

October 10, 2025

Србите повеќе не можат да плаќаат за гориво со странски картички на бензинските на НИС

October 9, 2025

Српското МВР повикува пензионирани припадници да се вратат на служба за плата од 80.000

October 8, 2025

Во станот во кој загина Македонец во Белград имало 1.5 кг експлозив

October 8, 2025

Ласа: Спасителите ги евакуираа сите блокирани од неверемето околу Еверест

October 8, 2025
ФОКУС

Марија Корина Мачадо добитничка на Нобеловата награда за мир за 2025 година

ВЕСТИ October 10, 2025

Нобеловиот комитет соопшти дека добитничка на Нобеловата награда за мир за 2025 година е венецуелската…

Израелската влада го одобри договорот со Хамас

October 10, 2025

Трамп: Ја завршивме војната во Газа

October 9, 2025

Скопје: Втор ден Меѓународната конференција „Одбрана на демократијата: Боиште на вистината“: Заштита на демократијата и изборниот интегритет

October 9, 2025
ТИКЕР

Најмалку две лица загинаа во земјотресот на Филипини

October 10, 2025

Србите повеќе не можат да плаќаат за гориво со странски картички на бензинските на НИС

October 9, 2025

Српското МВР повикува пензионирани припадници да се вратат на служба за плата од 80.000

October 8, 2025

Во станот во кој загина Македонец во Белград имало 1.5 кг експлозив

October 8, 2025

Ласа: Спасителите ги евакуираа сите блокирани од неверемето околу Еверест

October 8, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.