Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Судскиот совет избра претседатели на десетина судови

0
By Соња Петрушевска on October 2, 2019 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

По неколкумесечни одолговлекувања, Судскиот совет денеска конечно избра претседатели на десетина судови со кои раководеа в.д. претседатели.

На седницата која е во тек, Миле Димовски, судија – кривичар, е избран за нов претседател на Основниот суд во Битола, за кого гласаа 13 од вкупно 14 членови на Судскиот совет. Противкандидат на Димовски беше досегашниот  претседател на Судот во Битола Дејан Крстанов кој не доби поддршка за нов мандат.

Претседателот на Советот Киро Здравев рече дека Димовски има подолго судиско искуство, за разлика од Крстанов кој е со судиски стаж од 7 години и 15 дена. Против изборот на Димовски гласаше единствено членот на Советот Жарко Караџовски кој  рече дека гласал против, не затоа што Димовски не е добар судија, туку  затоа што Советот не го поддржал Крстанов во чиј мандат Судот во Битола покажал одлични резултати.

За нов претседател на Судот во Велес е избрана Лидија Димова која има 33 години, 3 месеци и 3 дена судиски стаж, за која гласаа сите членови на Советот и за која рекоа дека ,,мора да добие признание за својата досегашна работа“. За Александар Шопов, досегашниот претседател на Судот во Велес кој исто така беше кандидат, беше речено дека е млад и има време да се докаже.

Судот во Делчево и натаму ќе го води актуелниот претседател Миле Георгиев кој доби мнозинство гласови од Советот.

Единствено не беше избран претседател на Судот во Кавадарци каде единствен кандидат беше судијата Лазар Нанев.  За него гласаа 8 судии, 6 беа против, со што не го доби двотретинското мнозинство.

За Претседател на Судот во Прилеп е избран Зоран Стевановски кој единствено го доби потребното мнозинство од членовите. За оваа позиција имаше 5 кандидати.

За претседател на Граѓанскиот суд Скопје нов мандат доби актуелниот претседател Илир Сулејмани за кој сите членови гласаа „за“.

Управната судијка Исмета Амет беше избрана за претседател на Вишиот управен суд. Вишите управни судии кои конкурираа за оваа позиција не ги добија потребните гласови.

За претседател на Основниот суд Крива Паланка избрана е Љубица Цветковска-Стојановска, а Билјана Толова  за Основниот суд Неготино.

Освен на основните судови, Судскиот совет треба да избере и шестмина судии во апелациските судови.

Според најавите, седницата ќе трае до доцна попладнево.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.