Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Судскиот совет одлучи да се стават во мирување постапките за избор на судии и утврдување одговорност за време на изборите

0
By Marta Pesevska on February 21, 2024 ВЕСТИ
Судски совет
Судски совет
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Судскиот совет донесе заклучок постапките за утврдување на одговорност за претседател на суд или судија и постапките за избор на претседател на суд или судија да се стават во мирување согласно Одлуката на Собранието на Република Северна Македонија за распишување на претседателски и парламентарни избори според која не може да се започне постапка за вработување на нови лица или постапка за престанок на работен однос во државни и јавни институции, а започнатите постапки се ставаат во мирување, освен во случаи на итни и неодложни работи.

По долга дебата со поделени мислења, на денешната седница Советот донесе одлука со која сите фази од овие постапки се ставаат во мирување и одлучи дополнително да решава по прашањето за изборот на член на Судски совет, на седницата закажана за во четврток, 29 февруари.

Според членот Ивица Николовски, Судскиот совет е самостоен и независен орган.

– Ние сме самостоен и независен орган, кое било дејствие поврзано со избор и разрешување не претставува пречка ако е во насока да се обезбедат услови судството непречено, ажурно да функционира, рече тој.

Тања Чачарова-Илиевска посочи дека треба да се почитува членот 8-а од Изборниот законик, но со проценка кои ситуации се итни.

Членот Антоанета Димовска смета дека треба да се продолжи постапката за избор на членови на Судски совет и постапките за утврдување на одговорност на судии, бидејќи, како што посочи, доколку не се формира Влада, ќе треба процесот да се пролонгира.

За претседателката на Врховен суд, член на Судски совет по функција, Беса Адеми, изборот на судии е едно од клучните прашања кои што произлегуваат од начелото на независност но и од начелото на ефикасност и не пости законска пречка Советот да продолжи со работа.

Членот Селим Адеми го сподели десетгодишното искуство за кое посочи дека при овие ситуации имало мирување на работата.

– Сум гласал 10 години и немам намера да сменам, рече тој.

Претседателката на Судски совет, Весна Дамева, посочи дека е нотирано во сите извештаи дека судството е независно и треба самостојно да одлучува и затоа смета дека токму одлуката да Советот да продолжи со работа ќе ги исполни тие препораки.

Претходно, на денешната седница Судскиот совет донесе одлука за пензионирање на повеќе судии од Апелационото подрачје Битола.

Под точка разно, Советот дискутираше за дописот од Нотарска комора на Република Северна Македонија, со барање за предлагање на два члена за членови на дисциплински совет на Нотарската комора, бидејќи во септември истекува мандатот на сегашниот состав, со што советот избра двајца заменици.

избори Судски совет
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.